• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Промовирана е монографијата „50 години ОМУ МЕТОДИ ПАТЧЕ“ – Создадена е книга од спомени

август 19, 2015
in Актуелно

Денеска во Охрид беше промовирана Монографијата „Педесет години ОМУ „Методи Патче“ .

 

Во присуство на основачот, првиот директор и професор во училиштето Наум Гаврилоски и дел од неговите следбеници, како и на заменик градоначалникот на Општина Охрид Ангел Јанев, поранешни и сегашни вработени и ученици во училиштето монографијата ја промовираше професорката Радмила Попоска која кариерата ја започна токму во Охрид и во ова училиште.

prom 2

„Сакам во име на сите присутни и оние кои опрадано не се тука, а се дел од колективната меморија на оваа музичка институција да им заблагодарам на ангажманот на авторите, храброста со која се зафатиле и длабочината во која навлегле за да ја создадат сликата и нотната историска азбука на училиштето.

Авторите, Нина Момировска и Милчо Јованоски се гледа дека темелно и со многу смисла и изградена концепција влегле во изработката на оваа Монографија.

Од секој текст во неа извира емоција и љубов кој особено ќе ги преплави оние кои така бескрајно и чисто од срце заедно „дишеле“ со училиштето, децата и колегите.

На пример во воведот ќе прочитате за Мисијата и Визијата на училиштето, за Гала концертот во чест на јубилејот одржан во „Св. Софија“ поместен  е нотниот запис и текстот на  химната на училиштето, како и пригоден текст кој објаснува, кој бил револуционерот Методи Патче. Воведниот дел завршува со содржина која преку факти и документи зборува за формирањето на Музичкото.

Создавањето спомени продолжува со исклучително вредните искажувања на директорите на училиштето и секој мошне реално и пластично го опишува периодот во кој раководел со училиштето. Од овие мини портрети се цртаат музички контури и растежот на „Методи Патче“.

Од Наум, преку покојниот Ѓоко Илиевски, Димче Орачев, Рубенс Наумоски, Петар Димески до Нина Момировска. Монографијата го содржи и регистарот на сите вработени од основањето до денес што сведочи за педантноста и организираноста на институцијата во целост. Претстваена е работата на Училиштниот одбор и Советот на родители.

За мене највозбудливиот дел од монографијата се искажувањата кои го сочинуваат делот НИЕ СМЕ ВО ПЕНЗИЈА , НО МУЗИЧКОТО СЕ’ УШТЕ НИ Е ВО СРЦЕТО“ .

Не поради тоа што во тој дел е поместено  моето сеќавање за времето минато меѓу овие ѕидови, туку поради емотивните изливи на чувства кои се безмерни во сеќавањата на Менде, Стефан Авто, Македонка , Јанина, Љубица…

Длабоко ме допираат и зборовите на моите колеги кои уште ја пренесуваат музичката магија врз децата како Билјанка, Мухамед, Ирена, Гоце, Ана Булоска, Даниел, Христијан, Емилија, Алекснадар, Невена, Ана Ѓорѓиоска и Петар. Тие се симбиоза од искуството и младоста и се дел од содржината озаглавена – Ученици кои учеле и работат во музичкото. Тие се нашата врска меѓу минатото и иднината.

site

Не помалку интересни се текстовите кои сведочат за растежот на оваа институција а се интимна исповед на Лилјана, Наумче, Елица, Кирил и Христина.  Доза на носталгија внесуваат вистинските приказни на поранешните ученици кои и денес се занимаваат со музика а тоа се: Илија Булоски, Борис Гаврилоски, Марина Чадо покојниот за жал Илија Зимбо, Влатко Плевнеш, Наташа Попоска – Поповиќ, Ана Илијоска – Богиќ, Владимир Василески – Четкар, Владо Пупиноски, Васко Дукоски, Костадин Булоски, Благовесна Булоска, Александра Кузман,Климент Тодороски, Милена Тодороска – Мургоски,  Ева Нединкоска, Наум Груjоски ,  Ѓоко Алоски ,Билjана Мартин – Пешиќ, Горан Папаз,Марика Сион, Тони Ѓеорѓиески , Димитар Кумбароски , Бурим Хидри,Александар Димоски, Jовица Каралиевски .  Дел од нив гледам во публиката, а дел од нив можеби и  денес го претставуваат Охрид на некоја светска музичка сцена и ја прераскажуваат музичката историја на нашето Музичко училиште.  Сите сме горди и натаму ќе се гордееме со нивните успеси, рече професор Попоска.

 

milco

Говорејќи за идејата и вредноста на монографијата авторот, новинар и публицист Милчо Јованоски, рече:  Бројните интервјуа, десеттиците часови минати со оние кои го граделе овој охридски храм на музиката, средбите и контактите со оние кои учеле и сега се надвор од него во Охрид низ Македонија и светот и со оние кои учеле и со цело срце му се вратиле назад за да бидат негов нов дел сакавме да имаат една целина создадена со емоции и многу музика и ноти во нив.

Се надевам дека успеавме во тоа. Модерната комуникација, потрагата по контакти често ни задаваа грижи, но тоа беа слатки грижи, особено кога назад ќе добиевме извонредни текстови преполни со љубов, сеќавања, со мирис од времето минато и чиниш од хартијата извира музика, најубавата музика која и денес се слуша секојдневно по ходниците на Музичкото.

Истовремено ми семешаа две чувства изразени преку напорот од работата, до восхит што имав ете шанса одблиску да ги запознам сите оние кои се’ и нешто значат во музичкиот живот на Охрид.

За една година ги почувствував енергиите на оние возрасните, па се’ до најмладите педагози од училиштето сите со многу љубов ми зборуваа за себе, музиката, училиштето, децата, натпреварите и наградите.

За мене како новинар и публицист кој над три децении го следи развојот на Музичкото училиште ова беше ново враќање во минатото со јасен поглед во иднината дека оваа образовна институција има цврсти темели вградени во умешноста и духот на сите нејзини вработени од првиот директор Наум Гаврилоски, па сите по него и денес до м-р Момировска која со низа успеси ја прошири славата на охридското училиште на Балканот и низ Европа, рече Јованоски.

nina

За директорката на Музичкото Нина Момировска монографијата претставува повеќе од успешен обид да се опфати растежот на ОМУ „Методи Патче“. Преку слика и збор е прераскажана неговата историја која истовремено е историја на музичката култура во Охрид.Создавањето и печатењето на монографијата го чувствувам како мој, личен долг и чин за историјата на училиштето во кое и јас учев, го раководам и работам. Сакав тоа да биде огледало на најаважните моменти од неговото живеење . Се надевам дека таа ќе биде и така прифатена и дека ќе го издржи тестот на времето. Сега кога оваа монографија е пред нас дишам поспокојно, свесна дека оставаме трага зад себе, во име на оние кои биле пред нас  и на оние кои ќе дојдат по нас, рече на промоцијата Момировска.

Промоцијата со својот настап, како што му приличи на училиштето беше збогатена со настап на младите Џеврије Туле – пијано и Даниел Мојсоски- виолина.

Публицитет.мк

Фотографии:  „Фото Зум“  – Охрид 

Посетеност: 208
Share
Previous Post

„FIGURAE VENERIS HISTORIAE“ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ УТРЕВЕЧЕР ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“

Next Post

БЕСПРЕКОРНА РЕАЛИЗАЦИЈА, ПОЛНИ ГЛЕДАЛИШТА, ПОЗИТИВНИ КРИТИКИ И ЗАДОВОЛНИТЕ УМЕТНИЦИ НА 55 –ТО ОХРИДСКО ЛЕТО

Next Post

БЕСПРЕКОРНА РЕАЛИЗАЦИЈА, ПОЛНИ ГЛЕДАЛИШТА, ПОЗИТИВНИ КРИТИКИ И ЗАДОВОЛНИТЕ УМЕТНИЦИ НА 55 –ТО ОХРИДСКО ЛЕТО

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 208

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk