• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Промовирана книгата „Македонија – мојот живот“ на Киро Кипроски, за еден од идеолозите и основачите на ВМРО-ДПМНЕ

септември 18, 2015
in Тикер

Монографијата „Македонија – мојот живот“ од Киро Кипроски, посветена на животот и делото на Гојко Јаковлески, еден од основачите и идеолозите на ВМРО-ДПНЕ вчера беше промовирана во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје. Книгата е отпечатена на 550 страници, со 200 колорни фотографии и 35 црно-бели фотографии и факсимили, некои од нив првпат се објавуваат, а се многу значајни за историската наука. Гојко Јаковлески е значајна личност на македонската емиграција во западна Европа, од втората половина на минатиот век. Заедно со Драган Богдановски се идеолозите, иницијаторите, организаторите и основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Јаковлески од 1961 година кога стапнува на почвата на Западна Германија, активно се вклучува во македонските патриотски политички здруженија и влијае врз освестувањето на Македонците кои се на привремена работа во европските држави. Го финансира весникот „Македонска нација“, глас на партијата ДООМ (Движење за обединување и ослободување на Македонија). 

„Оној што добро не го познава животното патешествие на Гојко Јаковлески, сигурно не ќе може да поверува во фактот дека еден човек можел толку многу да направи за својата татковина и да го издржи тоа што го преживеал за време на неговата повеќедецениска борба за ослободување и обединување на распарчена Македонија. Не со пушка в рака, туку со демократски средства во рамките на демократска Европа“, истакна Виктор Цветановски, новинар и публицист, на промовирањето на монографијата. 

Цветановски потенцираше дека „неговата борба за остварување на илинденските идеали започнува во софиските средни училишта, каде што е најтешко да се брани македонството. Успеал да им одолее на сите притисоци и на невидената бугарска пропаганда, јавно декларирајќи се како Македонец. УДБ-а ќе го следи секој негов чекор, ќе ангажира негови куќни пријатели и другари да го шпионираат. Дури ќе испраќа свои агенти во Берлин за да го ликвидираат. На неговото јавно манифестирање на македонството ќе реагираат и грчките власти“, рече Цветановски.

Животниот пат на Гојко Јаковлески многумина тешко би го преживеале. Причината поради која заминува на печалба, начинот на кој се снаоѓа, приспособувањето кон реалноста и потребата на живеењето, но и незапирливата љубов кон татковината поради која ќе преживее многу премрежиња. Од желбата да се стане успешен лекар, па се’ до реалноста во која станува успешен угостител – рече, меѓу другото, промоторот и рецензент на монографијата, доцент д-р Светлана Вељановска. 

Извор: Утрински весник 

Посетеност: 216
Share
Previous Post

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови.

Next Post

МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ: ИНДИРА КАСТРАТОВИЌ

Next Post

МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ: ИНДИРА КАСТРАТОВИЌ

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 216

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk