• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 3, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Промовирана книгата: „Топонимите во Радожда“ од Наум Кутаноски

август 13, 2015
in Култура

Синоќа во Радожда беше промовирана книгата „Топонимите во Радожда“ од Наум Кутаноски.

Книга, во која авторот забележал 730 месни називи во атарот на ова крајезерско село, темелно обработени по два основа: лексичко-семантичка класификација со прецизно внесени лексички и семантички гнезда, а во вториот дел низ теренски речник со акцентски целости и одредена локација, забележани се сите месни називи и за дел од нив пренесени се легендите, преданијата и кажувањата присутни на овие простори. За прв пат во топономастичката наука Кутаноски во својата книга внесува и 85 езерски топоними, кои настанале најверојатно од страна на рибарите со цел да се одреди точната локација на езерото каде што ловеле риба. – Во услови кога нашата земја и воопшто нашата историја е на мета на континуирани напади и негирања од соседите вклучувајќи ја тука и топонинијата со промена на месните називи, книгата Топонините во Радожда од Наум Кутаноски, е драгоцен документ за нашето подалечно опстојување и силен доказ за нашите македо ски корени кои ќе можеме да ги негуваме и сочуваме токму преку афирмација на ваквите топономастички трудови, ќе рече промоторот на на книгата Мишо Китаноски од Вевчани.

promocija radozda

Чедомир Лакоски од Радожда, авторот на монографија за Радожда, на промоцијата на книгата го искажа своето силно задоволство што на виделиина излезе ваква книга, ваков документ кој ќе биде сведоштво за нашето минато, но и поттик за идните автори да ги истражуваат и запишуваат историските вистини, посебно за Радожда и околината. Авторот на книгата, Наум Кутаноски, е роден 1953 година во Берово. Скоро целиот работен век го минува како новинар во локалното радио, Радио Струга, а сега учителствува во Радожда каде и што живее и од каде потекнуваат неговите родители.

Публицитет.мк 

Посетеност: 132
Share
Previous Post

Ристо Лазаров: „Црешите во Пасквелија“

Next Post

Утре промоција на монографијата „ Охридска Мадона“ од Драган Спасески – Охридски

Next Post

Утре промоција на монографијата „ Охридска Мадона“ од Драган Спасески - Охридски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 132

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk