• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 10, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Промовирана „Збунки“ од Ана Цветаноска

мај 7, 2019
in Култура
Промовирана „Збунки“ од Ана Цветаноска

Синоќа  во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид беше промовирана книгата „Збунки“ од Ана Цветаноска.

Збирката  за деца „ Збунки “ содржи 12 пиеси. Авторката Цветаноска  низ хумористичен тон создала современи пиеси за деца во кои се прикажани секојдневните згоди и незгоди на денешните луѓе. Секоја од пиесите е реалистична слика и сцена од детството на секое дете.

ana 3

-Драмските ситуации ги опфаќаат сцените од посетата на стоматолог; на средбата за родители во училиштето; ситуации од домашната семејна атмосфера; образовниот процес на секое дете; играта со облаците од фантазии; разговорите со животните и градинарските култури; итн. Авторот создава ликови на животни и растенија во кои низ нивниот глас се истакнати некои негативни човечки особини или душевни состојби и се учат здравите животни навики, рече промоторот  Билјана Трајкоска.

ana 2

Две пиеси присутната публика во библиотеката имаше можност да слушне и на чинот на промоцијата во изведба на дипломираните актерки: Христина Цветаноска, Сара Анастасиевска , Сандра Стефановска и вљубеникот во актерската игра Денис Мехмедовиќ.

ana 4

Ана Цветаноска е родена 1970 година во Скопје, дипломирала на ФТУ – Охрид а пишува поезија и проза.

Зад себе веќе ги има стихозбирките: „Стихови за љубовта“ ( 2012), „Чемерика“ (2015) и „Световина“ (2017).

„Збунки“ е прва нејзина книга за деца а синоќа ја најави и новата книгата раскази за деца „Ајви“ која се надева дека ќе биде промовирана и во Охрид каде што авторката минала  дел од детството.

Публицитет.мк

                                                           

Посетеност: 60
Share
Previous Post

Петар Бавчанџиев: До на пристанишЧе (до кј колцено)

Next Post

Во Охрид ќе се одбележи Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Next Post
Во Охрид ќе се одбележи Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Во Охрид ќе се одбележи Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 60

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk