На 1 мај стапуваат во примена одредби од Законот за спортот и престанува да важи членот 1-а од Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.
На 1 мај стапуваат во примена Правилникот за градба, утврдување на пловидбеност и одржување на крилата за слободно летање и Правилникот за начинот и правилата на летање со крила за слободно летање. На први мај престануваат да важат Правилникот за аматерско градење на воздухоплови, Правилникот за начинот на летање и користење на змаевите, тврдокрилците и параглајдерите и Правилникот за начинот на пропишување и издавање на лекови на рецепт.
На 17 мај стапува во примена член 3 од Правилникот за поблиските услови за начинот на пропишување и издавање или продавање на лековите, а престанува да важи Правилникот за начинот на пропишување и издавање на лекови на рецепт.
Извор: www.akademik.mk