Граѓанското здружение „Протестирам“ најавува уште еден мирен протест против аболицијата на политичарите и бара нејзино повлекување од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов и негова оставка.
Ние, граѓанките и граѓаните кои во борбата за правда и демократија, здружени протестираме низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста, нагласуваме дека преговори во овие услови се неприфатливи.
Затоа, одлучно продолжуваме со протести и бараме:
– Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);
– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
– Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;
– Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
– Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
– Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија;
– Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.
До исполнување на барањата, нашата политичка борба останува на улиците. Нема правда, нема мир!, велат од здружението Протестирам
Публицитет.мк