• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Прва средба на Интернационалната полициска асоцијација во Охрид

јуни 30, 2019
in Тикер
Прва средба на Интернационалната полициска асоцијација во Охрид

Охрид е домаќин на првата официјална средба на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), на која учество ќе земат претставници на регионите од Белград, Софија, Ниш, Бјелина и Охрид.

На овој регионален собир, кој започна вчеравечер, свое обраќање имаше Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.

-Како локална самоуправа, запознаени сме и ги поддржуваме активностите на Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид, за реализација на проекти, програми и работилници поврзани со улогата на полицијата во развојот на демократизацијата на општеството, со предизвиците на полицијата во врска со почитувањето на основните слободи и права на човекот, за односот на полицијата со јавноста на ниво на локалната заедница, за унапредување на полициската служба и развивање на довербата кај граѓаните како и за активности од спортски, едукативен и хуманитарен карактер.

Од Претседателот на ИПА Охрид, Стефан Димоски запознаени сме за планираните активности околу ИПА Медитеранската конференција и Светскиот ИПА конгрес што во 2021 и 2022 година, освен во Скопје ќе се одржат и во Охрид. За нас претставува чест, Охрид да биде центар на претстојните ИПА настани како и на денешното потпишување на Повелбата за збратимување на ИПА Охрид со ИПА Белград и ИПА Софија.

Исклучително ја цениме Вашата полициска работа и Интернационалната полициска асоцијација и во таа насока Ви го честитам потпишувањето на Повелбата за збратимување, истакна Ангелоска.

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) е најголемо меѓународно гранковно здружение на полициски службеници од светот, регистрирана при Советот на Европа и ООН во кое членуваат над 300.000 полициски службеници од над 60 држави.

Извор: www.ohrid.gov.mk 

Посетеност: 98
Share
Previous Post

Во Куќата на Уранија, МАНУ ја организира „Охридската школа на природното право“

Next Post

„Канео фест“ по 18-ти пат во Охрид

Next Post
„Канео фест“ по 18-ти пат во Охрид

„Канео фест“ по 18-ти пат во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 98

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk