Денеска по повод 1 Април, еден од најомилените денови на децата, ден кој е препознатлив по насмеаните детски лица, маскирањето, шегата и среќата во ОУ „Св.Климент Охридски“ се организирањше дефиле на маски и костими.
Изгледот на децата учесници во дефилето беше збогатен благодарение на учениците од козметичките паралелки при ОСУ„ЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ и Лајонс клубот „Десарети“.
Сите маскирани ученици можеа да бидат нашминкани од страна на учениците односно идните козметичарки, кои подоцна преку игра и пеење го завршија дефилето.
Публицитет.мк