• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јули 7, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

ПУБЛИЦИТЕТ.МК: Честит Курбан Бајрам

септември 24, 2015
in Актуелно

Муслиманите во светот и кај нас се подготвуваат за прославата на Курбан Бајрам, големиот исламски празник кој започнува денеска и трае во наредните седум дена. Познат како празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан во вид на добиток, јагне, овца или крава – со симболика, приближување кон Бога.

Која е симболиката на празникот Курбан Бајрам? 

-Таткото на сите последни вери му било наредено да го заколи единствениот син, Исмаил. Тој му кажал на синот и Исмаил рекол штом Бог ти наредил, јас се согласувам. Но, Бог му пратил еден овен, да го жртвува на местотo на синот. И тоа останало се` до судниот ден, на местото  човек да се жртвува со пуштање крв од овца или крава.
На првиот ден од празникот во џамија се изведува молитвата за Бајрам или Бајрам намаз, со која верниците бараат милост.
По утринскиот намаз од џамијата, домаќинот се враќа дома и го извршува курбанот на самиот ден од празникот, а откако ќе се принесе жртвата, со оглед на тоа дека цената на добитокот за курбанот достигнува и до 200 евра, традиционално, сите кои имаат можност за тоа, дел од месото го раздаваат на сиромашни семејства.
За муслиманските верници не постои поделба, и токму затоа, дел од курбанот им даваат и на семејства од православната веросиповед. Овој чин кај нив е наречен Садака.
-Месото треба да се дели на три дела, едниот дел на соседите, без разлика на вероисповед, нација или јазик, вториот дел на сиромашните, исто така без разлика на вероисповед, нација или јазик и еден дел останува за домашните. Ако имаат доволно, во тој случај и нивниот дел го делат, а освен месо, на оние кои немаат, за Курбан Бајрам им даваат и парична помош, за и нивните деца да можат да се облечат како останатите – истакна муфтијата Исмаили.
Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека согласно Законот за празниците на РМ, денешниот , прв ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од исламска вероисповед во Република Македонија.

Публицитет. мк им го Честита празникот Курбан Бајрам на сите граѓани – верници кои го слават со желба за мир, благосостојба,семејна и лична среќа. 

Посетеност: 87
Share
Previous Post

Градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до граѓаните кои го слават Курбан Бајрам

Next Post

Мистер Бин 25 години потоа

Next Post

Мистер Бин 25 години потоа

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 87

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk