Наш искрен подарок за Вашиот ден- Драги наши – „Црвени рози“ од вечниот шармер Томисла Маниќ
Потоа грст народни мудрости за Вас жените и поезија – за Денот и севкупно уживање!
Маж без жена не може. Факт. Реалност. Колку и да се жалат, на крајот од денот сите си легнуваат до жената. Но, секогаш може да се насмееме на сметка на едните или на другите.
Овој пат, народни поговорки за жените.
– Полесно ќе стопите железо отколку што ќе ја совладате тврдоглавоста на жената.
– Жената е како сенка – ако трчаш по неа ќе се помести, ако трчаш пред неа – ќе трча по тебе.
– Со лоша жена мажите стареат побрзо.
– Без жена нема ни среќа ни несреќа.
– Маж без жена – коњ без седло.
– Ако одгледуваш маж, го одгледуваш само него. Ако одгледуваш жена, одгледуваш цело семејство.
– Мажот е главата, а жената е срцето на куќата.
– Нека ве чува Бог од лоши жени, а од добрите чувајте се сами.
Во ризницата на македонската поезија се кријат неверојатни љубивни стихови, кои допираат и до срцата на најтврдокорните.
Ова се дел од нив…
– Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство. (Петре М. Андреевски)
– Спијачите си спијат, сонуваат само сонувачите. (Влада Урошевиќ)
– И мојата душа нека биде твоја, а мое да биде твоето лице. (Ацо Караманов)
– Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња, ќе те љубам и губам и во пости и пред гости, само да ме сакаш. (Петре М. Андреевски)
– Па сепак, окото и увото се праг на надежта, што она ја засолнила. (Гане Тодоровски)
– Не иди, зашто жалосна би била, и колку да те копнеам – се ледам. (Блаже Конески)
– И ништо не ми расправај, ништо не ме прашувај – да биде тишина… (Гого Ивановски)
– Сѐ повеќе има жени со зелени очи, сѐ повеќе возови што не доаѓаат навреме. (Влада Урошевиќ)
– Дојди, свои сме, јас – глад, а ти прекор, обајцата до корен она што сме. (Славко Јаневски)
– Два конца парај од срцето драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави траги, другиот копнеж и светол и стрвен. (Блаже Конески)
– Ги расклопувам очите. Во мојата уста твоето име, наместо Господовото. (Кочо Рацин)
– Ќе ме сотрат еден ден чинам или убавите жени или лошите вина. (Гане Тодоровски)
– Патував долго, патував цела вечност, од тебе до мојата небиднина. (Ацо Шопов)
– Сама себеси врата – сама себеси клуч. (Анте Поповски)
– Голапче мало убаво, голапче златокрилесто, кога ти дојде при мене, кога в часот побегна? (Константин Миладинов)
– Твојата молбена закана, твојата лукавост нежна и сите твои слатки измами ги знам. (Ацо Шопов)
– Ќе влезам тивко, кротко ќе си седам крај тебе, во мракот втренчен да те гледам сам. (Никола Вапцаров)
– Еден ден ќе се сретнеме како бротче од хартија и лубеница што се лади во реката. (Никола Маџиров)
– Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе. (Кочо Рацин)
Публицитет.мк