Навистина е прекрасно да се биде во Битола за време на фестивалот на филмската камера „ Браќа Манаки“,кога градот пулсира 24 часа во ритамот на фестивалските збиднувања, а нив ги има навистина многу. Конференции за печат, промоции, презентации,средби ,разговори, проекции на филмови, кафе со пријателите, прошетка по Широк Сокак, вечерни журки…Вистинска фестивалска атмосфера.Еве дел од неа.

Каде и да одиш по Широк Сокак мораш да поминеш. А тој… облечен во фестивалско руво.

Кога трговците имаат чувство за деловност…

Под знамињата на земјите учеснички …

Пред влезот на фестивалската сцена…

Актерите ,режисерот, продуцентот и медијаторот пред новинарите. Конференција за печат по светската премиера на филмот „ Лазар“…

Подготовка за групно фото. Актерите и режисерот од филмот „ Лазар“.(од лево кон десно) Александар Станов,Наташа Петровиќ,Светозар Ристовски, Красимира Кузманова и Дејан Лилиќ.

Пред почетокот на фото сесијата за филмот „ Последниот Македонец“…

Фото за спомен далечен…

Време за интервју. Режисерот Илија Пиперкоски во „ акција“…

Пред да згаснат светлата .Сите ги очекуваат првите кадри од филмот “ Последниот Македонец“…

Главните „ виновници“ пред судот на публиката. Режисерот на „ Последниот македонец“, Илија Пиперкоски и продуцентот Снежана Лупевска Созен.
Од Битола за Публицитет.мк
Текст и фото: Ѓоко Симјаноски / Публицитет.мк






