Во чест на првиот роденден на нашиот сајт www.publicitet.mk и 28. Поетска ноќ во Велестово издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје реши да награди тројца наши редовни читатели.
На објавената електронска адреса добивме триесеттина пораки на потенцијални добитници од цела Македонија. Време е да ги објавиме имињата на добитниците. Тоа се: Мирјана Талеска од Прилеп, Лидија Стефаноска и Љупчо Милкоски од Охрид .
Тројцата добиваат по еден примерок од Антологијата на ирската поезија промовирана во Велестово со директно учество на неколку поети од Ирска, застапени со свои песни во книгата.
Примероците на наградените ќе им бидат испратени наскоро на домашна адреса.
Публицитет.мк






