Брануваме со книга на Охридското Езеро – летна книжевна авантура на „Пулсот и времето“ на Ана Јовковска во Струга и Охрид.
На пат околу светот со книга! Овој пат наша дестинација е Охрид, градот на поетите и градот на лебедите. Промотивната турнеа на книгата „Пулсот и времето“ на Ана Јовковска, во издание на Силсонс – читателскиот клуб на Матица македонска, после Скопје, Велес, Тетово и Штип продолжува 80 милји околу Охридското Езеро. На 25 јули, сабота, во 20 часот, Јовковска и промоторите ќе брануваат во Охрид, во едно од најубавите и најстарите кафулиња во градот – „Аквариус“ . Рецензенти на книгата се Ферид Мухиќ, Елизабета Шелева, Венко Андоновски, Никола Ристановски, Дејан Дуковски и Александар Прокопиев.
Публицитет.мк