• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

Que Será, Será (ШТО И ДА БИДЕ, ЌЕ БИДЕ) – ДОРИС ДЕЈ

февруари 26, 2019
in Тоа беа години
Que Será, Será (ШТО И ДА БИДЕ, ЌЕ БИДЕ) – ДОРИС ДЕЈ

Во понеделникот беа доделени најпрестижните филмски награди Оскарите. Меѓу 24 те категории за оваа вредна награда постои и категоријата Најдобра оригинална песна.Оваа категорија од страна на Академијата е воведена во 1934 година а за првпат е доделена во 1935 година.

Првиот Оскар во оваа категорија и’ припаднал на композицијата „ Континентал“ од филмот „ Весела разделба“. Музиката била дело на Кон Конрад а стиховите ги напишал Херб Магидсон.Од тогаш па до последниот годинешен добитник на Оскарот во оваа категорија ( „Shallow“ , испеана од дуетот Лејди Гага и Бредли Купер)изминаа 84 години кои донесоа исто толку незаборавни филмски песни  од кои некои станаа исто толку популарни како и филмовите во кои тие биле испеани.Меѓу нив има и такви кои по својата популарност дури и ги надминале и самите филмови.

Користејќи го актуелниот Оскаровски миг , ќе ве потсетиме на една оскаровска песна од далечната 1956 година . Се работи за песната „ Que Será, Será “од филмот  „Човекот кој премногу знаеше“ на режисерот Алфред Хичкок, во кој главните улоги ги толкуваат Џејмс Стјуарт и Дорис Деј која ја пее оваа песна. Музиката е дело на Џеј Ливингстон а зборовите ги напишал Реј Еванс.Ова им бил третиот Оскар во нивната кариера.Останатите два ги освоиле во 1948 и 1950 година,истотака во оваа категорија.

dor

Интересен е постанокот на оваа песна. Имено, Ливингстон и Еванс имале познавање на шпанскиот јазик, а на почетокот од својата кариера работеле заедно како музичари на крстосувачки бродови до Карибите и Јужна Америка. Композиторот Џеј Ливингстон во 1954 година го гледал филмот „ Босонога контеса“ со Ава Гарднер и Хемфри Богарт , во кој измисленото италијанско семејство го има мотото “Che sarà sarà” врежано во камен на  нивните предци. Нему му се допаднало ова мото иј веднаш го напишал како можен наслов на песната за која зборовите ги напишал Реј Еванс .  Во 2004 година песната се најде на 48 место на листата од 100 најдобри филмски песни на сите времиња според Американскиот филмски институт.

Со текот на времето, благодарение на популарноста на песната и нејзините многу преводи, оваа фраза е усвоена во земји ширум светот за да се наведат различни ентитети, вклучувајќи книги, филмови, ресторани, куќи за одмор, авиони и раси коњи.

Песната во меѓувреме стана мошне популарна . Таа се нашла на репертоарот на голем број познати интерпретатори како што се: Кони Френсис, Мери Хопкин, Натали Кол, Шејкин Стивенс, Пинк Мартини, Ричи е Повери, Норви Роу и многу други.

Таа доживеа и голем број препеви на разни јазици:холандски, естонски, италијански, германски, унгарски, исландски, јапонски, мандарински, латвијски, полски, шпански, индиски, каталонски, руски…

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Потсетување на оригиналната верзја од 1956 година со Дорис Деј.

 

Публицитет.мк 

Посетеност: 123
Share
Previous Post

ЕКИПА: Андоновски кандидат за селектор: Со мене би донел и леворак странец!

Next Post

Пушењето те убива и тебе и планетата

Next Post
Пушењето те убива и тебе и планетата

Пушењето те убива и тебе и планетата

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 123

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk