Продеканот за настава на ФТУ Охрид, проф. д-р Александар Трајков оствари работна средба со Биљана Муратовска, генерален секретар на асоцијацијата „МАКАМ – ТРАНС“ и Валерија Темелкова, управител на техничка служба.
Макам-транс е најголемо здружување на работодавачите на превозните компании во нашата земја со статус репрезентативен претставник на превозните друштва во Македонија.
На средбата се иницираа повеќе форми за соработка помеѓу овие две институции што се од особен интерес и значење на студентите од департментот за Царина и шпедиција и модулот Логистички менаџмент. Договорени се обуки за референти за логистика за студентите на ФТУ што ќе ги спроведат претставници на асоцијацијата. Студентите ќе стекнат дополнителни практични знаења од струката, за што ќе бидат и сертифицирани, а преку обуките ќе им се овозможи полесен пристап до стопанствениците и полесно вработување.
Разгледани беа и можностите за остварување практична работа на студентите преку Макам-транс, како и размена на искуства и практики помеѓу факултетот и асоцијацијата кои ќе придонесат за подобрување на условите за работа за субјектите вклучени во надворешно – трговскиот промет.
Публицитет.мк