• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Раде Силјан: ВИДОЕ ВИДИЧЕВСКИ – ПОЕТ ИСПОВЕДНИК

јуни 21, 2018
in Во потрага по трајната убавина
Раде Силјан:  ВИДОЕ ВИДИЧЕВСКИ – ПОЕТ ИСПОВЕДНИК

                Видое Видичевски (Охрид, 1931) повеќе од шест децении е активно присутен во современите текови на македонската литература. Автор е на стихозбирките: “Сини питоми утриње” , “Вечерен пејсаж од градот”, “Песни за потопот” , “Кажување на задоцнетиот пророк” , “Вие”  и “Билје крај езерото”, како и на познатите книги “Големата шума” , “Времето на црвените рози” , “Таинствени води” , “Заробеници на вечерните игри” и “Приказни за Дамјана”.

За неговото дело инспиративни текстови напишале Матеја Матевски, Георги Старделов, Благоја Иванов, Миодраг Друговац, Доне Пановски и други. Во нивните прилози посебно е нагласена тематската доследност во поглед на иницираната проблематика уште од неговата рана младешка фаза во педесеттите години на минатиот век.

35927132 1271043106332301 5364698161711415296 n

                Во богата биографија на Видое Видичевски, нашиот годинашен славеник, покрај книжевните дела, посебно треба да се потенцира и неговиот ангажман во покренувањето, обликувањето и профилирањето на значајни институции и манифестации во родниот град, кои во изминатиот период одиграа значајна улога во целокупниот живот на Охрид и пошироко, на Република Македонија. Овој писател, со раскошна дарба за комуникација е основач на Историскиот архив во Охрид , на Радио Охрид, на манифестацијата “Прличеви беседи” , а е еден од иницијаторите за формирањето на музичко-драмскиот фестивал “Охридско лето”. Ова се факти, кои говорат за исклучителен работен ангажман, за потребата од збогатување на содржините во градот, но и за профилирање на кадри во скоро сите области на општественото и културно живеење.

35798090 1271043169665628 8030213732430774272 n

                Видое Видичевски е доследен во создавањето на книгите, кои на тематски план чинат една неразделна целина. Неговата поезија е верна слика на долгите човечки патешествија.Таа е химнична и трогателна, сензибилна и медитативна, длабоко доживеана и разбирлива за широк круг на читатели. Поетот е мечтател и трагач по длабоките корени на својот народ. Пее за морничави, болни историски и трауматични настани, глетки и судбини. Многу негови песни можеме да ги протолкуваме како програмски по својата суштина. Тоа се песни заветни, откорнати од душата, песни со силен емотивен набој. Оваа негова определба е со кристално јасен татковински белег. Видое Видичевски гради свест за времето и за судбинските настани што оставиле длабоки траги во неговата душа. Тој е сведок на мноштво глетки и привиденија, на возбудливи доживувања, но и на романтични излети,кои останале неизбришливи траги во поетовата меморија.Природните езерски убавини,прошетките низ Малесија и Дримкол,младешкте доживувања на прекрасната Галичица.Сето тоа се врежало во поетовата душа,та низ ткаежот на стиховите најизразито се остварува во стихозбирката „Вечерен песјаж над градот“,за која Матеја Матевски  ќе напише „дека е изразито медитерански обоена книга,со лирска атмосфера полна со таинственост,соопштена со модерен јазик.“

35817910 10214877350201574 7629971403768332288 n Copy

Видое Видичевски ја прифаќа девизата дека песната е недовршена човекова драма, создадена од множество изрази, пориви, падови и дилеми.По многу свои тематски и естетски својства,тој спаѓа во редот на поетите – исповедници. Неговите песни не припаѓаат на оној вид поезија што трага по совршенство;но нивната функција е повеќеслојна, поттикнувачка, љубопитна. Тие едноставно комуницираат со читателот, зашто поетот своето пеење не го сведува на сензуална фантазмагорија и површна сликовитост. Тоа јасно говори дека поетовите механизми на прикажување на светот, а во таа насока и јазичните синтагми, се во дослух со времето во кое живееме и твориме. Тие се проткајуваат и прават препознатлив и заокружен поетски свет.

(Промотивна реќ за Видое Видичевски по повод доделувањето на наградата “Книжевен жезол” на Друштвото на писателите на Македонија)

 

Скопје, 21 јуни, 2018 г.

Публцитет.мк 

Посетеност: 90
Share
Previous Post

Годишен концерет на танчерите од студиото „Соната“

Next Post

По втор пат во Охрид – „Денови на бугарската култура, фолклор и традиција“

Next Post
По втор пат во Охрид – „Денови на бугарската култура, фолклор и традиција“

По втор пат во Охрид - „Денови на бугарската култура, фолклор и традиција“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 90

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk