• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Радиото е магија, вели уредничката на СБС на македонски Виолета Јовановска, која по 35 години пред микрофонот заминува во пензија

септември 29, 2015
in Култура

По цели 35 години минати пред микрофонот и во речиси секојдневна дружба со слушателите на австралиското државно мултиетничко радио СБС уредничката на програмата на македонски јазик Виолета Јовановска на крајот од октомври заминува во пензија.

 

Во аудио интервјуто за „Публицитет.мк“ Јовановска вели дека се’ уште работи сосема нормално, како досега, уште не е свесна, иако со сигурност знае дека разделбата со медиумот и слушателите се ближи.

violeta vo studio  Во студиото на СБС во Мелбурн 

Виолета по потекло е од Битола и во далечната 1971 година со родителите заминува за Австралија.

-Кога дојдовме овде во Австралија беше голема криза за работа моите не можеа да најдат работа, јас почнав да работам во фабрика и со мојата плата живеевме цели две години. Тогаш, во тоа време социјалната помош каква што е сега во Австралија не постоеше. Откако родителите добија работа, се вратив во училиште го завршив и се вработив во едно училиште. Така беше се до 1979 година додека не стапнав како хонорарен соработник во СБС во програмата на македонски. Потоа се нижеа моите јавни настапи како водителка и организатор на многу овдешни приредби, манифестации, квизови, литературни читања…

violeta so koleshkite i gosti od makedonija

Со колешките Светлана и Марга и гости, дел од нив познати наши актери од Македонија 

-Радиото е магија, ме обзеде, еве и денес ме преокупира целата, признава Виолета. Кон крајот на осумдесеттите од 20 век јас паралелно работев во училиштето, во австралиско македонскиот неделник во Мелбурн и на СБС. Во мигот кога работните часови во СБС за македонската програма се зголемија , воопшто не се двоумев – прифатив и од 1999 досега сум на позицијата уредник на македонската програма ( која за Ваша информација се емитува секој работен ден точно напладне и трае по еден час.)

Но, Виолета Јовановска е активна и во македонската заедница во Австралија. Таа во кризната за Македонија 2001 година ја основа женската хуманитарна организација „Надеж’ . Тогаш преку нивната активност за девет месеци до семејствата кои изгубија свои најблиски собрале и испратиле над 100 000 австралиски долари.

violeta i pece dvajcata

Виолета со сопругот Пеце 

Виолета  во 2004 година од страна на македонската заедница е избрана за Македонка на годината во Австралија,а во 2013 година доби и признание од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов за нејзиниот придонес во животот на македонската заедница во Австралија и за нејзината несебична активност во промовирање на се’ што е македонско на овој континет.

Во интервјуто за „Публицитет.мк“ таа ни открива и низа други детали од нејзиниот живот, што било пресудно сериозно да и’ се посвети на професијата радио новинар и водител и каква била улогата во тоа на нејзиниот сопруг Пеце?  Каде ќе ги минува пензионерските денови и со што ќе го исполнува времето, а зборува и за внуците од кои едниот е веќе полнолетен, најмалиот само две години, а на нејзината како што вели копија – внуката Шаана , таа и е и баба и другарка. 

violeta i shana Со внуката Шаана на литературно читање

Редакцијата на СБС на македонски патем речено, една од над 70 рамноправни на австралиското радио финансирано од државниот буџет  останува во ист состав: Маргарита Василева, Светлана Неделкоска, Васе Коцев и неколку дописници од Македонија.

 Радица Бојковска , во Македонија позната како ТВ лице од Македонската телевизија која долго е во СБС  ќе биде новата уредничка на македонската програма.  

„Публицитет.мк “ на Виолета Јовановска и посакува среќни и активни пензионерски денови, такви какви што му доликуваат на еден новонар – професионалец.

Со клик на линкот подолу слушнете го целиот разговор:

Разговараше: Милчо Јованоски , Публиците.мк 

Посетеност: 92
Share
Previous Post

Утре е денот на Светите маченички Вера,Љуба,Нада и мајка им Софија

Next Post

Во Поградец состанок за зачувување на ендемичната флора и фауна во езерата

Next Post

Во Поградец состанок за зачувување на ендемичната флора и фауна во езерата

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 92

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk