На еден од тв каналите на популарната TGRT специјализиран за репортажи и документарци од светот неодамна се емитуваа 3 епизоди снимени во Охрид.
Репортажите во траење од 10 до 15 минути ги прикажуваат убавините на Охридското Езеро и културно – историското наследство на регионот . Според информациите кои ги добивме од нашиот сограѓанин Илкер Мустафа репортажите се емитували три пати во една недела и тоа по пет пати во денот со што постигнале голема гледаност.
Деновиве телевизијата TGRT oд Истанбул го отвори и новиот канал TGRT Haber – Вести и овие репортажи за Охрид се најдоа во програмската шема во првата ударна недела од нејзиното појавување во етерот и тоа како први од регионот.
Тоа доволно зборува за интересот на Турците како туристи да ја посетат Македонија и неизбежно Охрид. Според статистиката во Охрид гостите од Турција биле најбројни ги имало околу 15 000 илјади,а тој тренд се задржал и годинава.
Публицитет.мк