Драги звршени деветто одделенци, ако се одлучите да се запишете во ова средно училиште, настаните како овој опишан во прилогот подолу ќе се ваше секојдневие. На работилницата одржана на 25 мај во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во Охрид беше многу динамично и колоритно.
Наставниците од партнерското „Средното стручно училиште Винковци“ одржаа работилница „Туристички приказни 1“ со учениците од нашето училиште. Во кабинетот по информатика се собраа 16 ученици од струките готвач, келнер, слаткар и угостителски техничар, кои спроведоа работилница со наставници од Хрватска.
По случаен избор, учениците беа поделени во групи. Една група се занимаваше со темата „ЈАДЕЊА“. Тимот од Охрид истражуваше информации за спецификите на македонската кујна, ги истакна познатите македонски јадења, одбра две и ги опиша, додека тимот на Винковци го направи истото со хрватските јадења.
Друга група ученици истражуваше на тема „СЛАТКИ“. Учениците поделени во тим Охрид и тим Винковци ги истакнаа особеностите на македонските и славенските десерти, издвоија два познати десерти и ги опишаа.
Третата група „ВИНА“ собра информации за македонските и славенските вина, беа издвоени лозарските региони Тиквеш и Илок и беа опишани две сорти на квалитетни вина од овие региони.
Четвртата група „ХОТЕЛИ“ се занимаваше со категоризација на објекти во Македонија и Хрватска. Учениците требаше да најдат хотел со 4* и 3* во Охрид и Винковци, да ги опишат сместувачките единици и да укажат на понудата на дополнителни и додатни услуги. Охридскиот тим ги издвои хотелот Лагадин 3* и хотелот Белведере 4*, додека тимот на Винковци ги избра хотелот Адмирал 3* и хотелот Вила Леније 4*.
Благодарност до наставниците од „Средното стручно училиште Винковци“, а особено треба да ги пофалиме учениците од нашето училиште кои одлично соработуваа со наставниците од Винковци.
Публицитет.мк