Општина Охрид најостро реагира на неточните, невистинити, тенденциозни и небулозни соопштенија на никаде нерегистрираната и правно непозната , наводна невладина организација, Охрид SOS.
Навистина ги разбираме дека имаат потреба од сензационализам но истовремено ги предупредуваме дека недозволиво е во јавноста да презентираат лаги и невистини. Својствено е за еден од активистите на оваа наводна организација, Охрид SOS често пати лажно да се претставува или пак да презентира активности за кои експертите од таа област невиделе докази и не може да го потврдат остварувањето на таа активност. Исто така пример за ваквото однесување е и тоа дека извесно лице се легитимира како претседател на Месна Заедница Лагадин а согласно службената евиденција на Општина Охрид не и избаран претседател на оваа месна заедница . Оттука искрено не зачудуваат паушалните еколошки изјави на наведеното лице и следствено на тоа и на чудно правно поставената т.н. невладина организација .
На граѓаните на Охрид, па дури и на врапчињата познато им е дека зад ваквите „еколошки грижи“ се крие единствено желбата тоа место да биде ексклузивно право на само 6-7 фамилии кои во текот на летото истото ќе го узурпираат оневозможувајќи тоа да бие место каде сите граѓани на Охрид ќе може да уживаат и со своите семејства да се рекреираат на убаво уреден простор. За волја на вистината по однос на наводите за поставување на урбана опрема на плажата ја известуваме јавноста дека согласно донесената програма за поставување урбана опрема ваква активност не е предвидена во истата. Проектот за изградба на плажата во Лагадин ќе биде исклучиво одраз на желбите и потребите на сите граѓани на Охрид.
Градоначалникот на Охрид , Никола Бакрачески цврсто стои зад сите свои јавни изјави и секогаш ќе се залага во пракса да се спроведуваат еколошки проекти кои ќе овозможат реална заштита на Охридското Езеро притоа доследно почитувајќи ги сите законски норми и прописи. Тоа е негов начин на работа за разлика од некои други кои темата екологија ја користат исклучиво заради остварување на лични страсти и желби .
Општина Охрид и адвокатскиот тим на општината за овие неточни, невистинити паушални и тенденциозни изјави ќе покренат соодветна законска постапка за клевета со цел да се заштити интегритетот на локалната самоуправа и нејзините службени лица.
п. с. Подготвени сме во иднина доколку е потребно на јавноста да и го презентираме документот со кој ќе потврдиме дека извесно лице лажно се претставува во име на Месна Заедница Лагадин, се вели во соопштението на Одделението за односи со јавност при Општина Охрид.
Публицитет.мк