Регионалната занаетчиска комора – Охрид (РЗК) на 4 февруари ќе одржи Изборно собрание.
Ќе бидат избрани претседател и потпретседател на Собранието на РЗК Охрид, претседател на комората, членови на на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на комората.
Кандидат за претседател на РЗК Охрид може да биде секој член на комората кој за да конкурира мора исполнува неколку услови : да достави до Комората потврда од УЈП за платени придонеси и персонален данок заклучно со 31.12.2019 година, потврда од Комората за платена коморска членарина заклучно со 31.12.2019 година, да достави фотокопија од занаетчиската дозвола и да е член на РЗК најмалку три години.Потребните документи треба да се достават до Комората најдоцна до 4 февруари до 16 часот.
Публицитет.мк