Вчеравечер по 12 пат охриѓани им се придружија на „Протестирам“ и на мирен протест по веќе познатата маршрута од кај Чинарот, по Старата чаршија на плоштадот „Св Климент Охридски“ по „Македонски Просветители“ стигнаа симболично пред Основниот суд.
Таму на учесниците на протестот им се обрати Фросина Ременски потпретседател на ЦО на СДСМ> -Кога ја започнавме борбата за Правда, Еднаквост и Слобода немавме дилема дека таа борба нема да биде лесна, знаевме каков противник имаме , знаеме како партијата ја заробила државата ги заробила институциите и ги злоупотребува сите во функција во зачувување на власта на Никола Груевски.
Но покажавме „Шарената револуција“ ,СДСМ и сите слободољубиви граѓани на Македонија дека заедно сме посилни и дека заедно со ненасилни средства со јасна дефинирана цел знаеме и можеме да опстоиме на крајот на оваа наша политичка цел која од ден на ден станува наша реалност.
Нашата битка не е гола битка за политичка власт. Се бориме да ги вратиме вредностите, инстиуциите и изгубениот поредок во Република Македонија, рече Ременски
Публицитет.мк