Туристичката агенција „Елида Турс “ со години на ред успешно ги презентира и ги продава сместувачките капацитети во комплексот „Пирин Голф“ кои се непосредно до градот Разлог во соседна Бугарија. Згора на тоа со раководство на комплексот заеднички на 21 мај , годинава по петти пат го организираа голф турнирот под покровителство на „Елида Турс “ и „Бугарија холидеј“.
.Ако на пример од Охрид тргнете со организиран превоз преку агенцијата на патот преку Делчево до „Пирин Голф“ ќе ви требаат околу шест часа со неколку паузи. Ако одите со сопствен превоз се’ е поинаку, но сигурно ќе ви недостига дружбата која „Публицитет.мк“ ја забележа по патот и за време на престојот во хотелот со пет ѕвезди „Пирин Голф – Спа. Првиот впечаток е најважен. Вреди да се знае дека охридската агенција односно нејзината сопственичка Елида Битрак таму ужива висок углед а гостопримливоста ја почувствуваме и сите ние -нејзините придружници.
Сабота, 21 мај дождот истура, небото и земјата се споиле. Само сивило и бескрајно зеленило околу нас. И покрај врнежливото време на прекрасните зелени терени на Голф клубот „Пирин Голф“ и „ Кантри клуб’ во две групи се натпреваруваа 20 голф играчи претежно од Бугарија и Македонија. Никој не е разочаран навикнaти се да играат под секакви услови, иако сите посакувавме да не огрее сонцето. Ние имаме задача да информираме. „Публицитет.мк “ преку приказната за професионалната соработка која во текот на годините се развила и во пријателство помеѓу сопственичката на охридската агенција ,госпоѓа Елида Битрак и госпоѓа Катја Каназирева која беспрекорно раководи со хотелско – туристичкиот и спортски центар „Пирин Голф и Спа“ ќе ве пренесе за миг во царството на спокојството и мирот и се надеваме ќе ја поттикне вашата желба што побрзо да сте таму. Во хотелот со пет ѕвезди и апартманите кои се само една категорија подолу овозможено ви е користење на термалната зона на хотелот -надворешен, внатрешен базен,лакониум, сауна, парна бања,соба за релаксација… Во комплексот „Пирин Голф – Спа “ ве чека одморот од соништата, одмор за душата и телото…
Копаме по историјата на комплексот: Пирин Голф & Кантри клубот е неверојатен комплекс со 5 ѕвезди кој функционира од 2008 година. Сместен и распослан на околу 150 хектари земјиште во Југозападна Бугарија тој брзо стана втор главен туристички центар во регионот, по досега познатото Банско како главен ски – центар. Вгнезден во прекрасниот Разлошко долина, во подножјето на величествената планина Пирин, хотелот со 5- ѕвезди нуди единствени можности за рекреација и одмор – прекрасни услови за скијање во зима, голф од пролет до есен, спа и релаксирање во секој миг.
И покрај врнежливото време на прекрасните зелени терени на Голф клубот „Пирин Голф“ и „ Кантри клуб’ во две групи се натпреваруваа 20 голф играчи претежно од Бугарија и Македонија „Публицитет.мк “ преку приказната за професионалната соработка која во текот на годините се развила и во пријателство помеѓу сопственичката на охридската агенција ,госпоѓа Елида Битрак и госпоѓа Катја Каназирева која беспрекорно раководи со хотелско – туристичкиот и спортски центар „Пирин Голф и Спа“ ќе ве пренесе за миг во царството на спокојството и мирот и се надеваме ќе ја поттикне вашата желба што побрзо да сте таму. Во хотелот и апартманите кои се само една категорија подолу овозможено ви е користење на термалната зона на хотелот -надворешен, внатрешен базен,лакониум, сауна, парна бања,соба за релаксација… Во комплексот „Пирин Голф – Спа “ ве чека одморот од соништата, одмор за душата и телото…
-Посветени сме на идејата да сме темел на еден нов вид туризам, кој нуди цело годишен одмор. Знаеме дека пријателска атмосфера ќе ве натера да се вратите кај нас повторно, вели во кусото интервју Катја Каназирева, сопругата на Јордан еден од сопствениците на комплексот „Пирин Голф“. – Заедно во бизнисот мојот сопруг е со господата Николај и Костадин Калојанови.Николај играл голф уште пред да го направат „Пирин Голф“ и воопшто пред да се направат игралишта за голф во Бугарија. Нему му се придружија и неговите најблиски и нивните деца и така започна реализацијата на идејата да се изгради игралиште за голф. Хотелот е мал има само 70 соби,а комплексот од апартмани во околината се приватна сопственост и ги поседуваат околу 2000 лица. Овде во хотелот први наши гости беа Англичаните , доаѓаат Македонци, Грци , гости од Русија, Италија и Швајцарија . Од година во година се шири приказната за „Пирин Голф“. Со Елида работиме многу одамна и идејата за турнир во голф започна пред околу 4 години. Ние сме партнери и дојдовме на идеја да направиме нешто заедничко да ја рекламираме голф играта, се дружиме и работиме на тоа поле, вели Каназирева. Јас сум дел од персоналот, постојано сум тука. Живееме на 10 километри од комплексот и моето секојдневие е поврзано со макотрпна и постојана работа и така треба да биде. Кога сопствениците се заинтересирани тогаш успехот е неминовен и нештата се движат во правилна насока, вели таа. На прашањето дали игра голф ?, Катја со насмевка ни рече во – Во мигов учам. На зима цело семејство скијаме, децата и маж ми играат голф ,ама еве јас уште сум во фаза на обука. Катја предвреме ни заблагодари за репортажата и ни посака догодина пак да се видиме.
Дегустирајќи црно и бело вино очекувајќи ги голф натпреварувачите да дојдат Елида Битрак ни рече: – Од година во година на нашиот турнир се зголемува бројот на учесници. Во последно време има се повеќе голф играчи од Македонија на турниров. Лани и годинава дури и во наградените има играчи на голф од Македонија. Со цел да се промовира Охрид, како агенција доделуваме една примамлива награда посета – викенд во Охрид.Сместувањето е во некој од најубавите хотели во градот и со осмислена прошетка која ќе му остане во сеќавање на добитникот на наградата и неговиот придружник. Финансиски наградата можеби и не е голема, ама е интересна. Со „Пирин Голф“ имаме успешна деловна соработка преку целата година особено на зима голем број граѓани од Македонија најмногу охриѓани и битолчани одмораат овде. Тука е се прекрасно – од сместување до транспорт до ски терените , користењето на спа центарот и најважно е што од месец во месец нудат нови содржини кои досега ги немале. Наша заедничка мисла водилка е задоволни гости и понуда плус од веќе зацртаното и најавеното, вели Битрак.
Дождот не престанува за миг – два луѓето се веќе на теренот. Под чадор или со капче дилемата е решена. Таму го среќаваме Борислав – Боби Крачанов. Тој е од Разлог има само 17 години и всушност е дете на „Пирин Голф“ токму тој од група момчиња покажал најдобри резултати и интерес за играње голф. Цели шест години е со голфот од 2010. Започнал како помошник на теренот трчал по топчето, ама со тоа гледал како другите играат и многу од тоа научил и теорија и практика. Во разговорот за Публицитет. мк ни рече дека тогаш разбрал дека има бесплатна голф школа во комплексот и дошол да проба и така влегол во овој свет или како што вели неговиот живот со голфот: -Турнирот е повеќе од одличен . Јас уште лани со голема желба учествував но не бев многу успешен. Годинава очекувам многу подобар резултат отколку минатата година. Организаторите се одлични , заедно со шефовите, привлечни се и наградите . Многу луѓе се задоволни од наградата што ја доделува ЕЛИДА ТУРС – посетата на Охрид и Македонија и тоа го прави привлечен и интересен голфот за играчите . Го прашавме какво е тоа задоволство да се игра голф да се тркала топчето по зелената површина?! – Голфот не е спорт за сите луѓе, ова е стил на живот. Тука доаѓаат успешни луѓе, луѓе кои на голфот гледаат како на спорт преку кој се одмораат од секојдневието и да се забавуваат во природата која е прекрасна, вели Боби. Тој ни раскажа дека еден турнир отприлика трае околу 6 часа и многу зависи од бројот на играчите. Може да врне, да грми, да вее ветер или да е многу топло – се’ може да се случи ама голфот не престанува -се игра, ни вели со широка насмевка на усните. На разделба пред да стартува натпревар како и на останатите и нему му посакавме среќа и го прашавме- Дали бил во Охрид? Тој ни рече: – Сум бил во Македонија, а за жал во Охрид не. Знам само дека е прекрасен град.
Слична е и приказната на Иван Мишевски од Скопје. Тој има фирма за градење базени, спа центри, сауни. Тука е по трет пат, смеејќи се ни вели: – Освем на голф, не мислам на ништо друго. Знам дека „Пирин голф“ постои од 2008 година а јас со голф се занимавам од пред четири години.Започнав во Загреб, сосема случајно. Голф сум сакал од секогаш,ама сум немал услови за тоа. За нас од Македонија „Пирин Голф“ е најблиску со надеж дека и во Македонија нешто ќе се отвори. Кај нас веќе се собираме по дваесеттина ентузијасти на една зелена ливада и играме голф по стар шкотски систем. Импровизираме без дупки. Интересно ни се виде па го прашавме Иван – колкав треба да е теренот за голф? Тој без двоумење ни рече: – за 18 дупки теренот минимум треба да е 60 хектари и има стандардна, должина дупките треба да се од шест и пол до седум километри долги. Во некој стандард може да има вкупна 72 – 80 натпреварувачи или на теренот може да има дури и до 120 играчи на голф. На почеток најчесто од една дупка почнуваат по 4 играчи. Во голфот нема време за корекција , туку секој удар дури и промашувањето се смета дека сте играле. Голфот е џентламенска игра, тука ти сам си си судија. Ова е спорт кој уште во стартот ќе си начисто или ќе го засакаш или не. Шкотланѓаните секогаш играат по вакво, па дури и пострашно време, слушам некој вели за мене. Првиот терен или почетокот на оваа игра е во Шкотска и датира уште од 1526 година. Моментално најскапиот стап за голф е тој што датира од 1750 година и вреди 4 милиони долари, ни раскажува Мишевски. Опремата за почеток чини 200 долари. Еве еден ден сосе ручек овде не чини 30 евра и голфот ни доаѓа поефтино отколку да се скијаш. Едно време бев и скијач ама со годините веќе не ми дозволуваат, затоа ова е спорт број еден. Замислете пред три – четири години ме фатија болки во ’рбетот и бев зрел за операција. Еден терапевт од Загреб ми потврди дека голфот е баш за тие делови од телото што го крепат. Болките исчезнаа и бев потоа кај еден друг специјалист во Загреб и кога тој ме виде како се движам – рече дека не е можно. Ете го ефектот од мојата упорност, вели Иван.
Милчо Попов исто така е од Скопје. Пред седум години бил на скијање во Банско и таму видел макета дека ќе се гради игралиште и дошол. -Видов колку е убаво и буквално сум закачен за голфот ни рече: – Во Македонија уште нема голф терен, се претпоставува дека за две- три години ќе никне накај Зелениково. На прашањето што за него претставува голфот, Милчо кусо ни рече: – За мене како сениор многу е важно да ја одржувам кондицијата и да се забавувам истовремено. Редовен сум на турнирите на „Елида Турс“, редовно се собираме Македонци, годинава сме помалку поради врнежите од дожд,ама е забавно.
Момчил Шишков е од Пловид, ја поминал цела Бугарија само да учествува на македонскиот – охридскиот „Елида Турс“ турнир и ни раскажува: – Стигнав утрово од Пловид се надевав дека ќе не пречека поубаво и време, но што е тука е ќе го изиграме турнирот и вака по дожд. Голф играм три години и често сум доаѓал во Охрид . Градот многу ми се допаѓа, вели Шишков.
Доаѓаат две девојки една по една и тивко зборуваат со натпреварувачите. Тоа се Вања Праматарова и Адријана Хаџиева тие ги организираат голф натпреварите. Во едно време за оддишка ми рекоа: – Уште на почетокот од календарската година се надоврзуваме на претходната. Просечно по месец два подготвуваме еден турнир, зависно од потребите и барањата на луѓето. Се печатат рекламни материјали , се договара бројката на присутни се прави коктел пред стартот, а и по него. Ги прашав обете – како успевате да ги држите насмевките на лицата? -Така се однесуваме за да го подигнеме и расположението помеѓу играчите. Нас ништо не може да не изненади, навикнати сме имаме алтернативи за се’. Во една сезона која започнува во април, па се до средината на ноември отприлика имаме по 40 голф турнири. Гледано од настрана, за обете нема викенд со широка насмевка на лицата ми велат: – Да, за нас вторник и среда се викенд.
Направивме фотографии и се повлековме со мини бусот и покрај дождот прошетавме до Разлог. Уживавме во спокојството кое не опкружуваше и роморот на реката која беше беспрекорно култивирана и искористена до максимум во просторот. Во таков ненаметлив амбиент ни се видоа и бројните кафулиња и ресторани.
Попладнето се враќаме во Голф Клубот таму само што не започнало доделувањето на наградите. Се е некако свечено, во ресторанот тивка музика со едно дуо кое настапува и секоја вечер во блиските пабови,а пред гостите се покажаа и нашите музичари од познатата тајфа „Охридски бисери“.
Наградата за првото место беше Викенд за двајца со дестинација по избор – Охрид, Скопје или Пирин Голф Хотел и Спа, за второ место ВИП СПА викенд во Пирин Голф Хотел и Спа и за трето место Вечера за двајца во ресторан на Пирин Голф Хотел и СПА. Наградите ги врачи Елида Битрак, сопственик на туристичката агенција „Елида Турс“ Охрид, која му се заблагодари на голф клубот за добрата организација и покрај лошото време и им посака на сите учесници и гости повеќе сончеви денови под Пирин.
Победник во А дивизија е долгогодишниот голф играч Пламен Мицански. Втор на табелата беше Стивен Плац кој исто така е член на голф клубот а третото место го освои повторно член на голф клубот, Загорац Тумбовски. Во втората дивизија Б првото место го освои Македонецот Иван Мишевски, второто место го освои Ивајло Филипов а на третото место беше Момчил Шишков. Специјалната награда за Најдолг удар ја освои второ пласираниот во А дивизјата Стивен Плац, а наградата за Најблиску до дупката ја освои Борислав Попов. Тие освоија трофеј, но и по шише вино.
И откако стивна голф треската и за неа и по неа се зборуваше на коктелот во чест на наградените , попладнето максимално го искористивме да се нурнеме и капиме во топлите затворени и отворени базени,а уживавме и во термалната спа зона и зоната за релаксација.
Вечерта ни помина со дегустација на вкусна храна, бескрајни и срдечни разговори со домаќините и со редица заеднички отпеани македонски народни бисери.
Ако некого вистински сакате и му сакате одмор од соништата- ТА ЕЛИДА ТУРС ви е на дофат одете и резервирајте си одмор од соништата кој е блиску до Вас. Нема да зажалите ќе добиете повеќе и од што очекувате.
Автор: Милчо Јованоски
Публицитет.мк