• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Реставрирано најстарото Евангелие во манастирот Бигорски

мај 14, 2016
in Култура

Откако пред неколку години во два наврати беше извршена реставрација настаропечатени книги и ракописи, овие денови заврши реставрацијата на најстарото Евангелие од книгохранителницата на Бигорската Обител. Според натписот на почетокот, Евангелието е печатено во градот Москва, во 1703 година, во времето на „царот и велик кнез Петар Алексиевич (Велики), самодржец на целата Голема, Мала (денешна Украина) и Бела Русија.“

Во текот на деветнаесеттиот век, поточно во периодот помеѓу 1837 и 1857 година, како што се докажа од испитувањето на користената хартија, е извршена реставрација која значително го променила неговиот изглед. За жал, неповолните услови во кои се чувала оваа старопечатена книга придонеле за нејзино скоро уништување. Но, по иницијатива на Игуменот на Свештената Обител, Архимандрит Партениј, а со штедра донација од страна на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се изврши целосна реставрација на оваа книга, со што ѝ се врати нејзиниот поранешен сјај. 

За спроведување на овој значаен потфат беше повикан професорот по реставрација на книги и ракописи од Вишата црковна академија во Солун, господинот Николаос Манѕурис, познат по неговата работа во библиотеките на светогорските манастири Ватопед, Дохијар, Ксиропотам и др. Беше одлучено да се користи методот на санација при која ќе се задржи последниот изглед на книгата, а реставрацијата беше спроведена во текот на четириесет дена. Грбот беше зацврстен, хартијата исчистена од прашина и восок, сите искинати и нагризани делови од хартијата и дрвото беа надополнети, се стави нова прекривка од кадифе, а металните украсни делови беа поправени и повторно позлатени. Сите интервенции – лепење, шиење и сл. – се извршија на истиот начин кој се користел во времето на создавање на книгата, односно на нејзиното прво реставрирање, а за надополнување се користеше рачно изработена јапонска хартија со тежина како оригиналната. 

Овој проект е дел од многуте потребни мерки кои треба да се спроведат за прописно функционирање на бигорската книгохранителница, како би можела таа да ги отвори вратите за сите заинтересирани истражувачи. Сеуште е потребно уредување на соодветната просторија која ќе се користи како депо, со што ќе се исполнат условите нашата Свештена Обител да си ги поврати и изложи за јавност своите десет ракописи од 15 и 16 век, а кои денес се наоѓаат во Државниот Архив. 

Изразувајќи ја нашата благодарност до оние кои овозможија ова свето Евангелие да си го врати стариот сјај и да стане врвен украс на нашата книгохранителница, повторно упатуваме апел до сите благочестиви Христијани и родољубиви Македонци да го помогнат реставрирањето на старите бигорски книги и опремувањето на депото и на тој начин да придонесат за зачувување на историските споменици на Христијанството во овој наш херојски крај. 

01.jpg
02.jpg 
03.jpg 
04.jpg
05.jpg 
06.jpg
07.jpg
08.jpg 
09.jpg 
10.jpg 
11.jpg 
12.jpg 
13.jpg 
14.jpg 
15.jpg 
16.jpg

17.jpg

17.jpg

 

Извор: http://www.bigorski.org.mk/

Посетеност: 135
Share
Previous Post

Колку младите – овде и сега се креативни?!

Next Post

ПНВ Публикации и Публицитет.мк наградија пет читатели со Романот „Годишни времиња“ од Јулијана Величковска

Next Post

ПНВ Публикации и Публицитет.мк наградија пет читатели со Романот „Годишни времиња“ од Јулијана Величковска

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 135

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk