Непосредно до брегот на езерото дојдете и уживајте во природан сенка под лозниците во Трпејца порачуваат од ресторанот УНО.
Сопственикот Стефан Шикалески задоволен е од годинашната сезона, само да потрае подолго и се’ би било во ред, вели тој.
Кусо разговаравме за менито во ресторанот кој досега на гостите им беше познат како специјализирано место за вкусна пица. И ова лето е тоа ама менито е проширено со уште побогата понуда – скара, риба и се’ што може да се најде во еден традиционален македонски ресторан.
Просто самото место и љубезноста на домаќините ве тера да застанете , да одморите да ги пробате вкусните специјалитети и подоцна да продолжите да одмарате во капењето и сончањето на бисерната плажа која е речиси дел од ресторанот.
Треба да се види и доживее!
М.Јованоски, Публицитет.мк