• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 8, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Ревија од кинески филмови во Охрид

мај 23, 2016
in Тикер

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка со продукциската и дистрибутерска куќа „КТ Филм и Медиа“ преку проектот „Ревија на светските кинематографии – Кина“ го подотвора прозорецот за кинеските културни вредности со цел да изгради културен мост меѓу Македонија и Кина и да го доближи кинескиот филм до македонската публика. Со таа цел, во деновите среда и четрток на репертоарот во Центарот за култура ќе се прикаже „Ревија на кинески филмови“. Во рамки на ревијата ќе бидат прикажани пет филмови од кинеската кинематографија.

 

НАРУШУВАЈЌИ ЈА ТИШИНАТА
СРЕДА 25.05.2016 година / почеток 19.00 ч влез 50 ден.

Игран филм, Кина
2000 г., 90 мин., колор
Режија: Џоу Сан (Зхоу Сун)
Сценарио: Хенг Лиу, Шјаоли Шао, Хенг Лиу.
Улоги: Ли Гонг, Шјин Гао, Џјинг-минг Ши, Јуе Гуан 
Гонг Ли ја игра главната улога во оваа драма. Таа за овој филм ги има добиено сите главни филмски награди во Азија, како и наградата за најдобра актерка на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал. Оваа врвна кинеска актерка има одиграно главни ролји во најзначајните и најнаградуваните кинески филмови како што се „Џудоу“ (номинација за Оскар), „Црвен Сирак“ (Златна мечка во Берлин) и „Збогум моја конкубино“ (Златна палма во Кан). Пошироката публика ќе ја препознае по улогите во холивудските хитови „Пороците на Мајами“ во кој играат и Колин Фарел и Џејми Фокс и „Мемоарите на една гејша“ во кој главната улога ја игра нејзината сонародничка Џанг Ѕији.

МОЈ ЛИЧЕН МЕЧУВАЛЕЦ
СРЕДА 25.05.2016 година / почеток 20.45 ч влез 50 ден.

Игран филм, Кина
2011 г., 95 мин., колор
Режија: Џјинг Шанг
Сценарио: Чаи Шен Нинг
Улоги: Ни Јан, Чен Јао, Ји Ша, Ентаи Ју
Во 2006 година, комичната серија МОЈ ЛИЧЕН МЕЧУВАЛЕЦ беше голем хит. Пет години по премиерното прикажување на серијата – беше снимена и оваа филмска адаптација.
Станува збор за социјална сатира, маскирана во филм за боречки вештини. Филмот ги следи животите на луѓето од ресторанот „Тонг Фу Ин“: сопственикот Тонг Шианг Ју, темпераментната келнерка/ќерка на врвниот борец Гуо Фу Ронг, поранешниот крадец и келнер Баи Жанг Танг, како и сметководителот на ресторанот, експерт за игри со зборови – Лу Ши Каи. Нивните неволји почнуваат кога Фу Ронг го ослободува боречкиот бес кон еден поранешен владин претставник, кој – откако за малку не умира од рацете на персоналот на ресторанот – тој решава да остане во градот и да направи голема измама со недвижности. Во меѓувреме, го најмува и убиецот Ји Њу Ли за да му се одмазди на персоналот на ресторанот. Но тој не знае дека и самиот Ли сака да го убие персоналот – од сопствени причини…

ЛОТОСОВ ФЕНЕР
ЧЕТВРТОК 26.05.2016 година / почеток 17.30 ч влез 50 ден.

Анимиран игран филм, Кина
1999 г., 85 мин., колор
Режија: Чанг Гуангшји 
Сценарио: Давеи Ванг 
Гласови: Вен Џјанг, Фан Шју, Пејси Чен 
Приказната се базира на кинескиот фолклор за момче по име Ченшианг.
Неговата мајка Саншенгму била божица, а татко му Лиу Јанчанг смртник. Откако ја забраниле нивната венчавка, неговиот вујко Ерланг Шен, исто така бог, ги казнил со тоа што го убил татко му. Саншенгму родила во бегство, а Ченшианг пораснал не знаејќи ништо за своите претци.
Мајка му поседува магичен лотосов фенер чија светлина може да го истера злото. Кога Ерланг Шен ќе го киднапира Ченшианг, мајка му се бори за да го спаси. За жал, Ерланг Шен победува и Ченшјанг мора да живее во неговата палата на светите планини, а мајка му ја заробува. Иако многу млад, Ченшјанг успева да избега од палатата, заедно со магичниот лотосов фенер. Откако ќе ги преживее сите авантури во многу ликови од кинеската митологија, Ченшјанг израснува во храбро момче кое мора да се бори со Ерланг Шен за да ја ослободи мајка си и во исто време се вљубува.

МАЛ ГОЛЕМ ВОЈНИК
ЧЕТВРТОК 26.05.2016 година / почеток 19.00 ч влез 50 ден.

Игран филм, Кина
2010 г., 96 мин., колор
Режија: Шенг Динг 
Сценарио: Џеки Чен
Улоги: Џеки Чен, Лихом Ванг, Сунг-јун Јо, Пенг Лин 
Две војски се судираат во древен воен град во Кина; никој не преживува, освен еден млад генерал од кралскакуќа и еден фармер од пешадијата, кој го обврзува паднатиот лидер да го одведе дома и да земе награда. Многумина им застануваат на патот до дома: напуштена пејачка, братот на благородникот кој сака да ги убие, очајни просјаци, груби трговци со робови и луѓе со различна агенда. Во текот на патештествието, како што крајот на нивниот пат се наближува, тие двајцата се зближуваат…

ДВАЈЦА СТАНУВААТ ЕДЕН
ЧЕТВРТОК 26.05.2016 година / почеток 20.45 ч влез 50 ден.

Игран филм, Кина
2006 г., 98 мин., колор
Режија: Винг-чеонг Лоу 
Сценарио: Ајви Хо, Чи Кенг Фунг 
Улоги: Мирјам Чин Вах Јеунг, Ричи Џен, Џо Кук 
Обична чиновничка по име Бинг, која води безгрижен градски живот составен од грижа за растението во нејзината канцеларија, состаноци и озборувања со трите пријателки. Сепак, нејзиниот безгрижен живот наскоро се превртува наопаку, кога ќе пронајде „грутка“ на својата дојка. Сè почнува да се распаѓа, додека таа се обидува да се справи со битката за женственоста, преку серија на горчливо-слатки настани. Со помош на доктор В. и срамежливиот, но талентиран тинејџер Синг, таа наоѓа нови предизвици во животот и волја да се соочи со сопствените демони…

Посетеност: 68
Share
Previous Post

Умре Бата Живоиновиќ – Публиката ќе го памети по безброј улоги

Next Post

DW:Загриженоста на Германија за Македонија прејде во „екстремна“

Next Post

DW:Загриженоста на Германија за Македонија прејде во „екстремна“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 68

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk