Денес роденден слават поголем број на познати личности од светот на филмот . Меѓу другите својот роденден го слават и познатите актери Џулија Робертс и Хоакин Финикс.А токму за овие двајца актери ќе ве потсетиме во оваа повремена рубрика преку потсетување на нивниот животен пат , нивната филмографија и наградите кои ги добиле.
ЏУЛИЈА РОБЕРТС
Џулија Фиона Робертс е американска актерка . Родена е на 28-ми октомври во 1967-та година во Атланта, Џорџија . Како дете сакала да стане ветеринар. По завршувањето на средното училиште „Кембел“ во Смирна, Џулија се упатува во Њујорк да им се приклучи на нејзините браќа и сестри за да се обиде да направи актерската кариера. Таму потпишала договор со модната агенција Клак и започнала курс по глума.
Робертс за прв пат на големите екрани се појави во филмот „Задоволство“ во 1988 година. Претходно таа имaла малечка улога во филмот „ Црвена крв“ покрај својот роден брат Ерик Робертс , од 1987 година но прикажан две години подоцна во 1989 година.Нејзиниот прв телевизиски настап таа го имаше во првата епизода на телевизиската серија „ Криминални приказни“ во 1987 година.Сепак , нејзиниот прв сериозен успех на филмското платно е нејзината улога во независниот филм „Мистериозна пица“ во 1989 година. Веќе во следната година настапи во филмот „Челични магнолии“на режисерот Херберт Рос каде настапи покрај Ширли Мек Лејн, Доли Партон, Олимпија Дукакис, Сели филд и Дерил Хана . За улогата во овој филм ја заработи својата прва номинација за наградата Оскар за најдобра споредна женска улога. Една година подоцна ќе ја заработи и втората номинација овојпат за главна женска улога во филмот„ Убава жена“каде настапи покрај Ричард Гир, инаку филм кој ја одбележа нејзината кариера. Својата трета номинација за Оскар ја заработи во 2014 година а единствениот Оскар го доби во 2000 година за улогата во филмот „Ерин Брокович“.
По огромниот успех на филмот „ Убава жена“Џулија станува една од најскапо платените и најбарани актерки . Следуваат филмовите:Спиејќи со непријателот, Кука, Играч, Досието Пеликан, Љубовни незгоди, Мери Рели, Мајкл Колинс, Сите велат дека те сакам, Венчавката на мојата најдобра пријателка, Теорија на заговор, Нотинг Хил, Невестата бегалка, Мексиканецот, 11 мината на Оушн, 12 те мина на Оушн, Насмевката на Мона Лиза, Војната на Чарли Вилсон, Тајната во нејзините очи, Денот на мајката, Пари чудовиште, Лери Краун, Огледало огледалце па се до нејзиниот глас во анимираниот филм „ Штрумфови:изгубеното село“ и филмот „ Чудо“ кој премиерата ќе ја има за неколку дена. Џулија ќе ја видиме и во два нови филма кои пред публиката ќе дојдат во следната 2018 година.Досега остварила 60 тина улоги во филмски и телевизиски проекти.
Робертс беше една од најплатените актерки во светот, и беше на врвот на годишната листа на моќни луѓе во весникот „Холивуд репортер“, која најмногу заработува од женските ѕвезди од 2005 до 2006 година. Во 2003-та година, нејзината заработка за филмот „Убава жена“ од 1990 година изнесуваше 300 000 долари, а за нејзината улога во филмот „Насмевката на Мона Лиза“ и беа платени неверојатни 25 милиони долари. Од 2010 година, нето вредноста на Робертс беше проценета на 140 милиони долари.
Робертс беше именувана единаесет пати за една од 50-те најубави жени во светот во магазинот „Пипл“, што се изедначи со Хали Бери. Во 2001-та година, весникот за дами (Ladies Home Journal) ја рангираше како 11-та најмоќна жена во Америка, на чело со тогашната советничка за национална безбедност Кондолиза Рајс и поранешната прва дама Лора Буш. Робертс има компанија за производство наречена „Ред Ом Филмс“.
Таа е висока 173 см. а нејзинот знак на препознатливост е нејзината насмевка. Таа е во втор брак од 2002 година со кинематограферот Даниел Модер со кого има три деца.
ХОАКИН ФИНИКС
Денес својот роденден го слави и познатиот американски актер Хоакин Финикс. Тој е роден на денешен ден во 1974 година во Сан Хуан, Порторико како Хоакин Рафаел Ботом, како трето од петте деца во неговото семејство чии родители се наоѓале во мисионерска служба испратени од Америка во Порторико.Со глума започнал да се занимава уште како дете покрај својот постар брат Ривер Феникс кој ќе почине на 23 годишна возраст во 1993 година.
Својата прва улога ја остварил во 1986 година кога имал 10 години во филмот „Вселенски камп“а една година подоцна настапил во филмот „ Руски“ покрај својата сестра Самер и Керол Кинг.Во филмот „ Родители“ во 1989 година го игра синот на Дајан Вест.
По неколку годишна пауза Феникс ќе настапи во филмот „ Жената за која се умира“ на режисерот Гус Ван Сант каде негова партнерка е Никол Кидман, улога за која ќе добие многу пофалби.Две години подоцна ќе настапи заедно со Лив Таллер, Били Крудип и Џенифер Конели во филмот „ Како ги измисливме Аботови“.Истата година ќе настапи и во филмот „ Погрешно свртување“ на режисерот Оливер Стоун покрај Клер Дејнс, Шон Пен и Џенифер Лопез.Потоа следуваат наговите настапи во филмовите „Враќањето во рајот“ , „ Глинените гулаби“ и во филмот на режисерот Џоел Шумахер „8 мм“ покрај Николас Кејџ.
Пресвртница во неговата кариера преставува 2000 година кога ќе настапи во три меѓусебно различни филма: во оскаровскиот „ Гладијатор “ покрај Расел Кроу во режија на Ридли Скот, улога за која ќе добие номинација за наградата Оскар,потоа во филмот „ Во името на правдата “ каде настапува покрај Марк Волберг, Чарлиз Терон, Џејмс Кан и Феј Данавеј и во филмот „ Отровното перо на Маркиз де Сад“ заедно со Кејт Винслет и Џефри Раш.Следуваат улогите во „ Мистериозните знаци„ покрај Мел Гибсон во режија на Најт Шјамален со кого ќе соработува и во филмот „ Село“. Во 2005 ќе одигра уште една извонредна улога за која повторно ќе заработи номинација за Оскар. Се работи за филмот „ Одење по работ “ каде го играше ликот на кантри пеачот Џони Кеш.Се паметат и неговите улоги во филмовите : Хотел Руанда, Ние ја поседуваме ноќтта, Двајца љубовници, Мајсторот(трета номинација за Оскар), Имигрантка, Нејзиното, Ирационален човек…Моментно е актуелен со филмот „ „Никогаш не сте навистина тука“на режисерката Лин Ремзи кој премиерно беше прикажан на Канскиот филмски фестивал. За следната година најавена е премиера на дури четири филма во кои настапува тој.Досега реализирал 50 филмски и телевизиски улоги и освоил 31 филмски награди и над 100 номинации за награди.
.
.