Од денес воведуваме нова рубрика именувана како „Родендени“ во која повремено ќе Ве потсетуваме на родендените на познати актери и режисери кои роденденот го имаат на денот на објавувањето на објавата . Преку кусата содржина на објавата ќе ве потсетуваме на кариерите на овие уметници ( некои кои веќе одамна заминале во вечните ловишта и на оние другите кои сеуште создаваат вредносни нешта за паметење.)
РОЏЕР МУР
На денешен ден во 1927 година Лондон беше роден познатиот актер Роџер Мур кој уште од раните години се занимавал со уметност и цртање.
Својата долга актерска кариера ја започнал во летото 1944 година со статирање во филмот „ Цезар и Клеопатра“.Благодарејќи на подршката на корежисерот на филмот Дезмонд Харст ,тој бил примен на академијата за драмска уметност.
Својата вистинска актерска кариера ја започнал во САД ,каде отпатувал во 1953 година,со една малечка улога во филмот „ Кога за последен пат го видов Париз“во 1954 година каде настапил покрај Елизабет Тејлор.
Потоа настапил во неколку телевизиски серии како „ Ајванхо“, вестерн сериите „Алаксанси“ и „Маверик“ , но сепак вистинска слава доживува со тв серија „ Светец“ која на малите екрани се емитуваше од 1962 до 1969 година.Интересно е да се спомене дека тој во 1962 година се пријавил за улогата на тајниот агент 007 во филмот „ Др. Но“ но улогата тогаш ја добил Шон Конери кого ќе го замени токму тој во 1973 година настапувајќи во филмот „ Живеј и пушти ги другите да живеат“.Во костумот на Бонд ќе остане цели 12 години настапувајќи уште во шест филмови од кој последниот „ Поглед на убиство“ ќе го сними во 1985 година.
Во својата долга актерска кариера тој успеа да одигра над 90 улоги во тв проекти и филмови. Една од неговите последни улоги е онаа во филмот „Летна ноќ, зимска месечина“ кој премиерата ќе ја има во следната година.
Роџер Мур освен како актер беше познат и по својата хуманитарна работа како амбасадор на добра воља на УНИЦЕФ каде работеше на ова поле од 1999година За своите заслуги на ова поле тој истата година беше одликуван со британската титула –Командир на Британската империја, и сходно на тоа му беше доделена титулата Витез.
Се женеше четири пати. Зад себе ,по неговата смрт на 23. Мај.2017 година, остави една ќерка и два сина и последната сопруга данско –шведската мултимилионерка Кристина Кики Толструп.
ЛИЛИЈАН ДАНА ГИШ
Во 1893 година на денешен ден е родена американската театарска, филмска и телевизиска актерка Лилијан Гиш , чија кариера со неколку прекини траела цели 75 години , од 1942 до 1987 година. Таа е најпозната како „ Првата дама на немиот филм“ и тоа благодарејќи на статусот на голема филмска ѕвезда во 1910 тите и 1920 тите години од изминатиот век која ја стекна со настапот во филмовите на режисерот Дејвид В. Грифит, вклучувајќи ја и главната улога во филмот “ Раѓање на нацијата“ од 1915 година.Во ерата на звучниот филм таа настапувала поретко но сепак настапила во неколку филмови каде оставила печат со своето актерство како на пример во филмот „ Ноќите на ловецот“ од 1955 година. Од раните 50 ти до почетокот на 80 тите честопати настапувала на телевизија. Својата кариера ја завршила во 1987 година кога настапила покрај Бет Дејвис во филмот „ Китовите од август“.
Во 1971 година го доби почесниот Оскар а во 1984 година и наградата АФИ за животно дело кој ја стави на 17 место на најголемите филмски ѕвезди на сите времиња.
Лилијан Гиш почина во Њујорк на 27. Февруари. 1993 година на 99 годишна возраст.
РАДЕ МАРКОВИЌ
Еден од најпознатите актери од некогашната Југославија, српскиот актер Раде Марковиќ , беше роден на денешен ден во 1921 година.Тој најпрвин студирал технички а потоа преминал на Филозовскиот факултет во Белград за потоа да и се посвети на глумата, на почетокот аматерски со група млади белградски ентузијасти од првата повоена генерација. Во таа група била и Оливера Ѓорѓевиќ ( која подоцна ќе стане позната како Оливера Марковиќ) со која ќе се венча во 1945 година и со која една подоцна година ќе го добие синот Горан, познат српски режисер.
Во периодот од 1950 – 1952 и од 1954 -1966 година Раде Марковиќ бил истакнат член на Белградскиот драмски театар во кој остварил над 200 улоги. На театарот ќе му остане верен се до својата смрт на 10. Септември. 2010 година во Забок, Хрватска.
Како филмски актер дебитира во 1948 година со улогите на скоевец во филмот „Бесмртна младост“на режисерот Војислав Нановиќ и недораснатиот маж Тонце во филмот „ Софка“ на режисерот Радош Новаковиќ.Од неговите попознати улоги ќе ги споменеме оние кои тој ги оствари во филмовите:„ Чудотворниот меч“,„Шолаја„, Далеку е сонцето“, „ Пат околу светот“, „ Зеница“, „ Хасанагиница“, „ Валтер го брани Сарајево“, „ Киклоп“… како и во филмовите на неговиот син Горан Марковиќ –„Национална класа“, „ Мајстори, мајстори“, „Вариола вера“, „ Собирен центар“ и „ Тито и јас“.
Сними и неколку филмови во странство: „ Крадливец на праски“ во Бугарија,„ Водата нешто носи“ во Русија,„ Златните наочари “ во Италија …Настапи и во голем број на телевизиски драми и серии.
Освои голем број на театарски и филмски награди меѓу кои и три Пулски Арени, три Стериини награди, Наградата „ Славица“ за исклучителен придонес во домашниот филм, Октомвриска награда на Белград и многу други.
На родендените на славните актери и режисери ќе не потсетува Ѓоко Симјаноски
Публицитет.мк