И покрај почитувањето на сите мерки и препораки за превенција, моите родители имаат позитивен тест на Корона вирусот КОВИД-19. За среќа, за сега имаат лесна клиничка слика, објави пред неколку часа на својот официјален фејсбук профил градоначалникот на Општина Охрид , Константин Георгиески.
-Согласно утврдените здравствени протоколи јас и целото мое семејство во текот на наредниот период ќе бидеме во изолација. Упатувам апел до сите граѓани да бидат внимателни и максимално да ги почитуваат мерките за заштита, напиша градоначалникот Георгиески.
Публицитет.мк