• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јули 7, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Ројтерс: Бегалците тргнаа кон Хрватска

септември 16, 2015
in Актуелно

Можноста од долго чекање на унгарската граница, можните затворски казни за нелегален влез во државата или враќање во Србија, ги тера бегалците да бараат алтернативни рути, на запад преку Хрватска или на исток преку Романија, иако тие земји не се дел од Шенген зоната, пишува Ројтерс.

„Можеби ќе се обидеме низ Хрватска, па Словенија и од таму до Виена и Германија“, изјавил за Ројтерс еден бегалец од Дамаск. „Не знам дали е тоа добар план, но мора да се обидеме“.

Хрватска за евентуалната вонредна ситуација со пристигнување голем број бегалци има подготвено вонреден план кој е спремна брзо да го активира, изјавил министерот за внатрешни работи Ранко Остојиќ, но не сакал да зборува за деталите на тој план.

Остојиќ им упатил критика на сите кои зборуваат дека Хрватска треба да се постави како Германија и Австрија кои воведоа привремени контроли на границите, порачувајќи им дека зборуваат глупости.

„Како Хрватска да го активира тоа кога го немаме ни активирано: Хрватска отсекогаш си има гранична контрола“, кажал министерот.

Хрватска досега не беше дестинација за бегалците, но нивното пристигнување во голем број сега е веројатно поради ѕидот што го крена Унгарија, како и казните за сите што ќе го оштетат или ќе се обидат да го поминат.

„Ако дојде до масовен прилив на емигранти, односно бран од илјадници бегалци , нормално е дека тогаш повеќе нема да може да се применуваат редовните, односно ќе бидат воведени вонредни мерки на границите“, кажал хрватскиот министер.

Српските медиуми денес се исклучително остри кон Унгарија, а особено кон нејзиниот премиер Орбан, остро критикувајќи ги владата и новите закони кон емигрантите со оценка дека „во Европа такви правила не се видени од Втората светска војна“, алудирајќи на прописите на германските власти под Хитлер.

Извор: mkd.mk

Посетеност: 98
Share
Previous Post

Патот кон интелигентен автомобил

Next Post

Промоција на албумот „Песни на Вевчанската душа“

Next Post

Промоција на албумот „Песни на Вевчанската душа“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 98

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk