Љубовните песни како тема отсекогаш биле инспирација и за музичарите но и за текстописците.Токму на една таква композиција ќе се потсетиме во ова навраќање назад во годините од изминатиот век.
Францускиот кантавтор Мишел Полнареф во 1966 година за својот дебитантски албум ја создал композицијата „Сакај ме, те молам сакај ме“ која била насловна на албумот кој по неговото издавање се нашол на првото место на топ листата за француски албуми.Тој постигна златен тираж а француското издание на списанието Ролинг Стоун албумот го класифицирал на 39 тото место на листата на најдобри рок албуми кои се издадени досега во Франција.
Насловната песна „Сакај ме, те молам сакај ме“е испеана на француски јазик освен нејзиниот наслов кои оди на почетокот од песната.Песната е дело на Мишел Полнареф и текстописецот Френк Жералд.
Песната била снимена во лондонското студио Пје а аранжманот го потпишал британецот Чарлс Блеквел. Композицијата е препознатлива по интро оркестрацијата со пијано која е надополнета со виолина и тапани како и три придружни вокали . Сето тоа заедно со гласот на Полнареф на песната и даваат карактеристичен звук кој ја освои публиката но и музичките критичари која му ја додели и наградата на критиката за која гласале 11 познати музички критичари.
Мошне брзо по објавувањето песната „Сакајме, те молам сакај ме “станува најголемиот француски хит во 1966 година благодарејќи и на подршката на Лусиен Морис шефот на мошне слушаната радио станица „Европа 1“. И покрај првичните критики заради тоа што Полнареф за насловот на песната го користел англискиот јазик, сепак според критичарот Жан – Мишел Борис , песната станала дел од меморијата на француската шансона.
Песната станала хит број еден на франкофонскиот пазар. Така во Белгија останала цели 25 недели на топ листата на најслушани песни, во Белгија се искачила на седмото место останувајќи 14 недели на топ листата на најслушаните песни. Во Холандија се нашла помеѓу 40 те најсушани а во Германија се искачила на 21 место.
Песната доживеала неколку верзии . Така Марио Тесуто направил италијанска верзија во 1969 година. Познатата англиска пејачка Сенди Шо во 1967 година направила англиска верзија на песната со која постигнала убав успех што било причина да направи верзии и на италијански и шпански јазик.Песната може да се слушне и во изведба на италијанската пејачка Мина.
Песната доживеа и голем број на инструментални верзии меѓу кои најпознати се оние на оркестрите на Пол Мауриат и Франк Пурсел.
Потсетување на оваа љубовна тема во оригиналната изведба на Мишел Полнареф.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк