Иако не е меѓу живите, неговата личност и уметност не престануваат да интригираат и ден денес. Салвадор Дали е еден од најзначајните уметници на дваесеттиот век. Беше надреалистичен сликар, писател, вајар, сценограф и актер.
Ви ги претставуваме најинтересните факти од животот на Дали.
Во својот дневник уште на 16 години напишал: „Ќе бидам гениј и цел свет ќе ми се воодушевува. Можеби ќе бидам потценет и лошо сфатен, но ќе бидам величествен гениј, во тоа сум сигурен“.
Исфрлен е од Академијата на убави уметности непосредно пред дипломирањето. Изјавил дека на факултетот никој не е доволно компетентен за да го оцени.
Во 1963 година Салвадор Дали учествувал на Меѓународната Лондонска надреалистичка изложба, на која говорот го одржал во нуркачки костим. Сакал да покаже дека „длабоко нурка во човековиот ум“.
Меѓу првите ја воведе холографијата во уметноста. Голем број од неговите дела содржат оптички илузии.
Мустаќите на Дали му служеле како „антени за комуникација со вонземјаните“.
Некои тврдат дека генијалците малку спијат. Салвадор Дали имал обичај да задрема на фотелјата со сребрена лажичка во раката. Штом заспивал, лажичката паѓала и го будела, а тој станувал свеж и подготвен за работа.
Кога уметникот Пол Елијар го повикал да ја наслика неговата сопруга, Дали се вљубил во неа. Гала (Елена Ивановна Даиконова Гала), била единаесет години постара од Дали. Руската емигрантка наскоро му станува сопруга. Гала на Дали му беше пријател, муза, љубовница, модел и бизнис агент. Таа најдобро ги оценувала неговите слики.
Кога Дали дошол во Париз, веднаш отишол кај Пабло Пикасо. При запознавањето му рекол: „Голема чест е да ве запознаам, дури не отидов и во Лувр. Прво дојдов вас да ве запознаам“. Дали му одговорил: „Добро сте направиле“.
Со сопругата Гала честопати шетал низ улиците на Мадрид, Париз и Лондон, облечен во разни костими. Некогаш Гала била и гола.
Во 1982 година кралот Хуан Карлос I го именува за маркиз од Пубол. Истата година умира и неговата сакана Гала. После нејзината смрт, ја губи желбата за живот и повеќе пати се обидува да се самоубие.
Некои биографи наведуваат дека последните години од животот чуварите го принудувале Дали да потпишува празни платна. Трговците се претпазливи поради овој факт.
Салвадор Дали почина во 1989 година слушајќи ја операта „Тристан и Изолда“. Своето богатство го остави на Шпанија.
Една од неговите најпознати изјави е: „Секое утро се будам чувствувајќи огромно задоволство што сум Салвадор Дали и се прашувам какви прекрасни работи ќе направам денес“.
БИЗАРНИ ФАКТИ ЗА ПОЗНАТИОТ САЛВАДОР ДАЛИ
10. Верувал дека бил реинкарнација на својот мртов брат
Едно возможно објаснување За неговиот бизарен животен стил било тоа што имал чудно детство. Пред Дали да се роди, неговата мајка имала друго дете, кое исто така го нарекла Салвадор Дали. За жал, детето починало на 2 години поради инфекција во стомакот. Девет месеци подоцна бил роден вториот Салвадор Дали. Бидејќи вториот Салвадор Дали личел на првиот и се родил веднаш после 9 месеци, неговите родители започнале да се сомневаат дека тој е всушност нивното мртво дете.
Кога Дали бил 5 години, неговиот татко го одвел на гробот на неговиот мртов брат и му кажал за верувањето дека е реинкарнација. Ова имало огромен психолошки ефект врз Дали – подоцна дел од неговата работа содржела алузии на мртво дете за кое тој верувал дека е најдобриот дел од него.
9. Садизам во детството
За Дали, дури и на многу рана возраст, задоволството и болката биле исто. Само на овој начин може да се оправда неговата навика како дете да ги напаѓа луѓето без причина. Најлошиот пример бил кога Дали го турнал неговиот другар од мост којшто го преминувале. Момчето паднало речиси 5 метри и било сериозно повредено. Меѓутоа тој воопшто не чувствувал вина – кога мајката на момчето го носела него, Дали се смешкал додека јадел цреши.
Истата година, уште еден бизарен инцидент се случил кога Дали пронашол повреден лилјак. Еден ден, кога го проверил лилјакот, забележал дека мравките започнале да го јадат жив. Неговата реакција била навистина бизарна – тој го зел лилјакот и го каснал на местото каде што го јаделе мравките.
8. Авида долари
Дали бил познат по неговата љубов кон парите. Поради ова, тој бил наречен „Авида долари“. Поимот претставува анаграм од Салвадор Дали и неговата лакомост. Освен што легално заработувал пари од дизајнирање на лого и појавување во реклами, тој бил и измамник.
Кога еден клиент бил заинтересиран за слика, тој му кажал енормно висока цена велејќи дека бојата била измешана со отровот на милион оси.
7. Егзибиции
Покрај тоа што бил уметник, писател, научник и се’ останато што решил да биде кога станувал наутро, тој бил и шоумен. Понекогаш неговите егзибиции биле повпечатливи од неговата уметност.
За да ја продаде неговата книга „Светот на Салвадор Дали“, тој лежел во болнички кревет во една книжарница на Менхетен, опкружен со лажни доктори и сестри, и бил поврзан со машина која ги мерела неговите мозочни бранови. Секој што ќе ја купел книгата, добивал и копија од резултатите на машината.
6. Чудната фасцинација со Хитлер
Дали бил опседнат со Хитлер на начин на кој Хитлер веројтно би бил вознемирен. За време на подемот на Нацистите, поголемиот дел од надреалистичките уметници се дистанцирале од фашизмот и Хитлер. Дали од друга страна, започнал да го црта. Подоцна, кога го запрашале за неговата фасцинација со Хитлер тој рекол: „Често сонувам за Хитлер како што другите мажи сонуваат за жените“.
5. Дали Атомикус
Резултатот на соработката меѓу Дали и познатиот фотограф ФилипХалсман, е фотографијата која е ода на славната слика на Дали Леда Атомика (што може да се види од десната страна на фотографијата). Фотографијата го прикажува Дали, мебелот околу него и неколку мачки додека насекаде се распрскува вода.
4. Инспирацијата на Дали
Гледајќи во сликите на Дали, би можеле да се посомневате дека уметноста била резултат на тешка употреба на дрога. Меѓутоа Дали постојано велел: „Не земам дрога. Јас самиот сум дрога“. Но, од каде наоѓал инспирација за неговата уметност? Тој правел неколку трикови за да биде покреативен. Еден од овие трикови вклучувал чинија и лажица. Тој седнувал на столче држејќи ја лажицата над чинијата и заспивал. Како што заспивал, лажицата паѓала на чинијата, и создавала силна врева со што уметникот станувал и гледал надреални слики.
Исто така, тој седел на глава се’ до онесвестување, што му овозможувало да стане полу-луциден. Оваа техника била наречена „Параноичен-критички метод“.
3. Неговиот невообичаен брак
Во август 1929 година, Дали ја запознал љубовта на неговиот живот: Елена Ивановна Диаконова, повеќе позната како Гала. За жал, Гала веќе била мажена за францускиот поет Пол Елуард. Меѓутоа Дали воопшто не бил обесхрабрен: „Нејзината судбина е да биде мојата Градива, онаа која се движи напред, мојата победа, мојата жена“. Бидејќи Гала и Елуард имале нешто како „отворен брак“, воопшто немало никакви пречки врската на Гала и Дали. Откако се разведила со Елуард, Гала се омажила за Дали во 1934 година. Тие останале заедно се’ до нејзината смрт во 1982 година.
Меѓутоа нивниот брак не бил традиционален – и двајцата продолжиле да се гледаат со други луѓе. Гала станала негова муза и негов бизнис менаџер.
2. Кралското срце
И покрај ексцентричноста на Дали, која некогаш се граничела со крајно лудило, тој бил гениј. Дали имал колекција на накит наречен „Dali Joies“, специјално дизајниран од американскиот милионер Куминс Катервуд.
Најважното парче било Кралското срце. Изработено од чисто злато и украсено со 46 неверојатни рубини, 42 дијаманти и два смарагди, најневеројатното нешто кај Кралското Срце бил начинот на кое тоа чукало како живо човечко срце.
1. Холограмот Алис Купер
Дали имал голем број познати пријатели, и поминувал време дружејќи се со Елвис Присли, Џон Ленон, Дејвид Боуви, Пабло Пикасо и Сигмунд Фројд. Но, веројатно неговото најчудно пријателство било со рок легендата Алис Купер. Во 1973 година, Дали слушнал за Купер и бил фасциниран од него. Така тој договорил средба на која се појавил облечен во кожнено палто од жирафа, светкави чорапи од Елвис Присли и еластични чизми. Тој побарал топла вода, што ја засладил со тегла мед што ја чувал во џебот, а бил придружен со убави млади тинејџерки облечени во ропчиња.
Работите станале чудни кога Дали му дал на Купер гипс скулптура од неговиот мозок, чоколаден еклер со живи мравки во средината, а потоа го запрашал Купер дали сака да биде негов модел. На крајот Дали создал неверојатен холограм за Купер покриен во дијаманти.
Публицитет.мк