Сите односи од луѓето се градат на неискажани ветувања. Во животот, секогаш ни се потребни луѓе кои ги надополнуваат оние нешта кои ги немаме во себе, а кои ни се важни и ни недостасуваат.
Но, кога? Каде? Како? Дали тие вечно ќе останат со нас? Постојат многу неодговорени прашања. Најдобриот начин да се направи тоа е да се живее животот.
Некои луѓе влегуваат во нашиот живот ноншалантно. Ни помагаат да научиме важни лекции, но не можат да останат сите од нив. Нашите патишта се вкрстуваат и создаваме спомени со тие луѓе. Голем дел од нив ќе останат во нашиот живот и постојано ќе се потсетуваме со нив на таквите спомени, но други поради една или друга причина ќе си заминат од нашиот живот. Тешко е да се прифати тој факт, бидејќи сите наоѓаме сигурност и безбедност во другите луѓе.
Зошто болат раскинувањата и уништените пријателства? Бидејќи престануваме да се чувствуваме безбедно. Во тој момент ги бараме нашите несовршености. Раскинувањата највеќе болат кога ние не ги иницираме. Болат бидејќи не сме подготвени и бидејќи се чувствуваме немоќно. Кога ние сме причината за раскинувањето, не боли толку многу. Тоа е така бидејќи веќе сме истрчале маратон во нашата глава. Сме размислиле за предностите и слабостите. Мислиме дека ја контролираме ситуацијата и тоа помага многу.
Така е и со пријателствата. Не само со љубовта и врските. Секое прекинување на врската и пријателството кое не е иницирано од нас ни носи празнина и голема болка.
Но, животот продолжува. Луѓето доаѓаат и си одат. Потоа мораме да продолжиме. Мораме да ја научиме лекцијата. Да се потсетуваме на добрите спомени, но никогаш да не дозволиме да живееме во минатото. Да не дозволиме да не го живееме нашиот живот во сегашноста поради тоа што било некогаш.
Извор:http://skopjeinfo.mk/
Публицитет.мк