Овојпат ќе се потсетиме на една прекрасна поп композиција која ја напишал Бак Рам во далечната 1954 година. Се работи за песната „ Само ти“ која доживеала голем број на изведби но најмногу успех доживеала онаа во изведба на составот „ Платерс“ со главниот вокалист Тони Вилијамс во 1955 година.
Интересно е да се спомене дека првата верзија која ја снимиле ви 1954 година била неуспешна.Но , новата верзија од 1955 година која била издадена на 3.јули.1955 година станала голем хит.Таа се искачила на првото место на американската Аренби топ листа како и на првото место на листата на Билборд. На топ листата останала цели 30 недели.
Вокалната група „ Платерс“ е формирана во 1952 година во Лос Анџелес.Групата доживеа неколку кадровски промени но ќе остане забележан оној во кој водечки вокал бил тенорот Тони Вилијамс со останатите четворица придружни вокали: Дејвид Линч, Пол Роби, Херб Рид и Зола Тејлор.Составот издаде 40 синглови кои во периодот помеѓу 1955 и 1967 година се најдоа меѓу 100 најслушани на топ листата на Билборд а меѓу нив и со четири хитови на местото број еден. „Платерс “беше една од првите афро-американски групи кои беа прифатени како главна вокална група и беа, за одреден временски период, најуспешната вокална група во светот.
Композицијата „ Само ти“ досега доживеала дури 144 разни изведби (кавер верзии) во целиот свет На својот репертоар ја ставиле голем број на познати интерпретатори но и големи оркестри. Само ќе споменеме дека оваа композиција на свој начин , меѓу другите, ја интерпретирале:Литл Ричард, Џејмс Браун, Карел Гот, Рој Орбисон , Ива Заники, Адријано Челентано, Џин Питни, Ринго Стар, Џони Метис, Џери Ли Луис, Рене и Ренато, Боби Соло, Дијана Рос, квартетот Голден Гејт, Луис Маријано….како и оркестрите на Франк Пурсел, Макс Грегор , Екер Билк, Реј Кониф…
Само ти можш да го направиш целиот свет да изгледа добро
Само ти можеш да ја осветлиш темнината
Само ти и самиот ти
Може да ме возбуди како тебе
И исполни моето срце со љубов само за тебе….
Се потсетуваме на овој без временски хит со изведбата на вокалниот состав „ Платерс“
Публицитет.мк