На 9 ноември ( петок) во галерија КО-РА во Скопје ќе биде отворена изложбата „Чудниот рај“ од ликовниот уметник Сашо Блажес.
Оваа изложба е прво претставување на авторот пред скопската публика на која ќе бидат изложени дела работени помеѓу 2005-2013 година. Изложбата ќе биде отворена за посета секој ден освен викенд од 8.30 до 16.30 часот. Куратор на излкожбата е Виолета Калиќ.
Публицитет.мк