• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Самуел Жбогар во посета на Репродуктивниот Центар за европски елен на НП Галичица

јули 2, 2020
in Омнубус
Самуел Жбогар во посета на Репродуктивниот Центар за европски елен на НП Галичица

Денес во рамките на посетата  на Охрид, Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија оствари посета на Репродуктивниот центар за европски елен на Националниот парк Галичица.

 За потсетување, Репродуктивниот центар се наоѓа на локалитететот „Косто бачило“ и е со површина од 86 хектари, а во него е сместено матичното стадо од 30 единки, од кои 24 женки и 6 мажјаци, а веќе има и подмладок на мали еленчиња.

Во рамките на посетата, амбасадорот оствари средба со Директорот на Јавната установа Национален парк Галичица, Васко Паскали, а присутни беа и Раководителот на Одделението за правни, административни и економски прашања на јавната установа – Сања Рилкоска и Соработникот за алтернативни активности при јавната установа – Константин Здравески. Амбасадорот беше информиран и запознат со главните функции на центарот, и тоа: заштита на биодиверзитетот преку активно управување на високопланинските пасишта, заштита на пејсажните и пределските вредности, намалување на ризикот од пожари, подобрување на атрактивноста на Националниот парк Галичица и едукативна функција.

capture 20200702 175331

 На средбата беше дискутирано и за зачувување на природното и културното наследство во НПГ и активностите кои установата ги презема и планира да ги имплементира во иднина. Исто така, Жбогар беше запознат со напредокот и резултатите од спроведувањето на Проектот: „Подобрување на ефективноста во заштитата и управувањето со Националниот парк Галичица”, кој е дел од Програмата: „Подобрување на управувањето во заштитените подрачја“, финансирана од Европската Унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), како и информирање за тековните активности и идните планови на ЈУНПГ.

Амбасадорот Жбогар ја поздрави иницијативноста и ентузијазмот на установата во остварување на активности за заштита на природата.

Публицитет.мк 

Посетеност: 59
Share
Previous Post

Во Охрид денеска 10 новозаболени од Ковид 19 и еден починат

Next Post

ЈП Водовод со апел за совесно користење на водата а не за наводнување

Next Post
ЈП Водовод со апел за совесно користење на водата а не за наводнување

ЈП Водовод со апел за совесно користење на водата а не за наводнување

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 59

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk