Љубовта кон своите женски чеда преточена во песна, Сашко Митев ја објави ,,Чедо најмило”
Фолк пејачот и инструменталист во националниот ансамбл Танец – Сашко Митев деновиве на социјалните мрежи го објави нов сингл посветен на љубовта кон ќерките. Станува збор за песната ,,Чедо најмило“ за која музиката текстото и аранжаманот ги напиша Мендо Ташкоски а се снимаше во МТ Студио – Прилеп. Како што ни изјави Митев во песната свој белег оставиле и Влатко Терзиски на кларинет и саксафон, додека за гитарите се погрижи Марјан Јованов.
,,Неизмерната љубов на сите родители кон своите женски чеда, морав на сопствен и најдобар начин да ја преточеам во мелодија со ноти и музика. Тоа е љубов која што од ден на ден расте толку многу, во толку голема мера, исто и паралелно како што растат нашите женски чеда, т.е. нашите ќерки. Соочувајќи се со моменталната ситуацијата во која се наоѓаме, создавањето на нов музички материјал е идеално и одлично време за нас музичарите, но, искрено се надеваме што побргу да заврши пандемијата па да се вратиме на нашата публика со свирење и пеење во живо,, вели Сашко Митев.
Публицитет.мк