За уметниците и ова време на Коивд -19 е простор за создавање нови дела. Наместо во галерија ви нудиме виртуелно – видео од најновите креации на охридскиот уметник Сашо Блажес.
– Ве поканувам да ја проследите изложбата на цртежи која носи наслов ПОД СТАКЛО-цртежи направени во изолација. Кога секој ден го гледаш преку стакло и пробуваш да го почуствуваш мирисот на ветерот, вкусот на снегот, зачинот на сонцето.. Гледав во мојата градина преку стакло, ги гледав мачките како се бркаат низ цвекињата, мравките како ми го крадат семето на зацртаниот тревник ……
Нема поголемо” казна” за еден творец од излолација.
Време посветено во трагање на природата во себе, вели Блажес.
<
Публицитет.мк