Морам да признам дека многу малку насмевки имаше на моето лице во годината што остана зад нас. И секако тие се само мои.
За мене, 2021 беше една просечна во се’. Искрено за тоа најголемата вина ја гледам како најголемиот дел од луѓето во пандемијата со Ковид -19. Заробени најчесто дома, живот под маски, вакцини, куси средби на минување дури и со најблиските.
Ми недостигаат блискоста меѓу луѓето, заедничките седенки со кафе и опуштените муабети во кои за короната нема да има место , туку за згодите и доживеаното во минатото и реален поглед кон иднината . Кога е во прашање пеењето, собирам храброст да пеам кога сме во поголемо друштво. Токму песнава што ви ја предлагам е една од тие кои будат емоции и носталгија…
Публицитет.мк