Во присуство на голем број православни верници и неколкумина митрополити на Македонската православна црква минатата сабота во катедралната црква Света Спфија во Охрид беше возобновен култот на Свети Константин Кавсила – Архиепископ Охридски.
По тој повод беше промовиран научниот труд- преточен во книга од младиот охридски теолог Виктор Недески во кој се изнесени конкретни податоци и факти за значењето на Архиепископот Константи Кавасила – Охридски, во зачувувањето на светата Охридска Архиепископија.
Тоа беше повод нашиот дописник Милчо Јованоски специјално за СБС на македонски во разговор со авторот да ви го долови животот и делото на Кавасила, како и за неговото огромно значење за кое јавноста речиси ништо не знаеше.
Извор: SBS на македонски