Иван Трпоски од Сиднеј, Австралија, Кирил Христовски од Соединетите Американски Држави, Лилјана Стоилковска – Андоновска од Кралството Шведска и Борче Величковски од Република Србија деновиве во вилата „Билјана“ во Охрид беа одликувани со Медал за заслуги за Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов.
Претседателот на Република Македонија Иванов покрај на четворицата поединци – припадници на македонската дијаспора Повелба на Република Македонија му додели на „Македонскиот сојуз во Кралството Шведска“.
Нашиот Иван Трпоски познатиот македонски активист, член на литературното друштво „Григор Прличев“ медалот го доби за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење со што дал значаен придонес за афирмација на Република Македонија во Австралија и за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу татковината и втората татковина во која живее близу четири децении.
Милчо Јованоски во Охрид се сретна со Иван Трпоски и направи интервју за СБС во кое Иван говори за себе , за медалот за кој му рече дека е заслуга и на неговата сопруга и ќерка кои несебично му создале простор да твори ама и да биде активен во македонската заедница.
Милчо Јованоски за СБС на македонски