Јана Бурческа, ќе ја претставува Македонија на „Евровизија 2017“, која ќе се одржи во Киев, Украина, од 9 до 13 мај.
Таа ќе настапи трета во втората полуфинална вечер на 11 мај и за место во финалето, кое го чекаме веќе четири години, ќе се бори со песната „Dance Alone“, која ќе ја испее на англиски јазик.
Овој пат, за среќа, немаше никакви скандали во врска со македонскиот евровизиски претставник. Напротив, речиси сите коментари за песната „Dance Аlone“ се позитивни, како во Македонија , така и на евровизиските сајтови, каде што има многу комплименти за нашата претставничка. Многумина ја вбројуваат и меѓу фаворитите, што е добар знак дека по четири години на Македонија конечно ќе ѝ успее да влезе во финалето.
За нејзините надежи и очекувања од Охрид, преку Киев до Австралија со младата Бурческа разговараше Милчо Јованоски:
Публицитет.мк