Познатата Тања Царовска која својата музичка кариера повеќе ја гради надвор по светот отколку во Македонија во мигов е работно во Австралија.
Деновиве Царовска во градот Аделида беше дел светската премиера на театарската претстава „Паметник“ Таа е во улога на солист во проектот кој е базиран на „Илијадата“ на Хомер.
Во најавата на СБС стоиз запишано: – Царовска е една од најдобрите македонски вокалистки, којa исто така е текстописец и композитор, специјализира во балкански и византиски хармониски стилови кои и го отворија патот до филмот “Троја” на Волфганг Петерсен и дуетот со Џош Гробан. Таа беше вокалистка во филмот “Страста на Христос” на Мел Гибсон, а исто така се појави во “Еден џиновски скок”, документарен филм за филозофија на музиката на Џејми Катто и Данкан Бриџман како и во филмот “Мајки” на Милчо Манчевски.
Тања Царовска имаше интервју во Сиднеј за македонската програма на СБС со уредничката Радица Бојковска – Димитровска. Со клик на материјалот подолу слушнете го во целост аудио интервјуто:
Во овој редок запис за време на снимањето на филмот “Троја”, можете да го слушнете композиторот Џејмс Хорнер како работи со Тања Царовска на вокалите за секвенцата во која Хектор е поразен од Ахил.
Во клипот од филмот “Мајки” на познатиот македонски режисер Милчо Манчевски кој сега живее и работи во Њујорк, можете да ја слушнете Тања Царовска со изведба на песната “По друм одам”
И како беше да се работи со Мел Гибсон? “Стоеше до мене цело време во студиото за време на снимањето и ги објаснуваше сцените во филмот”, вели девојката со глас на ангел, Тања Царовска во разговор за СБС на македонски.
Извор: www.sbs.com.au/macedonian