• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

СДСМ: градоначалникот да ја продолжи започнатата постапка за раздолжување и да го исплати преостанатиот дел од сумата што е евидентирана како неисплатен долг

декември 21, 2021
in Тикер
СДСМ: градоначалникот да ја продолжи започнатата постапка за раздолжување и да го исплати преостанатиот дел од сумата што е евидентирана како неисплатен долг

Искрено жалиме што новиот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков со вчерашната прес конференција официјално влезе во шемата на евтина популистичка стратегија на ВМРО ДПМНЕ, која е препознатлива по лажните обвинувања и непроверени факти, стои во соопштението од СДСМ – Охрид. 

Наместо да започне да работи во интерес на Охрид, да ги реализира готовите проекти кои ги наследи и да ги остварува ветувањата дадени пред охриѓани, тој започна да се знимава со дневно политички прес конференции, изнесувајќи смешни математички анализи, кои немаат допирна точка со реалната финансиска состојба на локалната самоуправа и јавните претпријатија.

Читајќи нејасни суми кои и самиот не ги разбира и кои служат само за манипулација на јавноста, Пецаков покажа дека нема основни познавања за финансискиот менаџмент и не прави ни најмала разлика помеѓу вкупен и тековен долг на општината.

Почитуван градоначалник и господа од ВМРО ДПМНЕ, наместо да глумите отчетност изнесувајќи паушални пресметки, ве охрабруваме пред граѓаните да ги доставите и да ги презентирате сите финансиски картици и извештаи поврзани со долгот на општината.

Освен прецизни бројки, на јавноста и должите објаснување за тоа какви се тие обврски по склучени договор за работи кои што не се реализирани и каков е тој долг по основ на нереализирани работи?

Колку и да сакате да звучите убедливо во вашите измислени калкулации, нема да можете да го засените успехот кој локалната власт предводена од СДСМ го постигна во делот на раздолжувањето. Тоа беше еден од нашите најважни приоритети и благодарение на поддршката и помошта од Владата на Република Северна Македонија, преку исклучително одговорен ангажман успеавме, да го намалиме долгот на Општина Охрид за повеќе од една милијарда денари, притоа реализирајќи низа значајни и вредни инвестиции во инфраструктурата.

Целиот процес беше воден целосно транспарентно и за секој дел јавноста беше навремено запознаена.

Познавајќи ги капацитетите на кадрите од ВМРО ДПМНЕ, кристално е јасно дека освен празни зборови, од нив не можеме да очекуваме знаење и посветеност за финиширање на процесот раздолжување на општината. Дека немаат ни доблест ни храброст за позитивни политики, на дело покажаа како опозиција во  претходиот советнички состав, кога не ја поддржаа одлуката за започнување на финалната постапка за раздолжување.

Наместо да бара виновници за новите непродуктивни трошоци и задолжувања кои планира да ги прави во иднина, го повикуваме градоначалникот да ја продолжи започнатата постапка за раздолжување и да го исплати преостанатиот дел од сумата што е евидентирана како неисплатен долг и од која, врз основа на извршни решенија секојдневно се генерираат нови обврски за подмирување. 

Освен лагите за долгот на општината, апсолутна лага е изнесениот податок дека од власта на ВМРО ДПМНЕ сме наследиле претпријатија со позитивни финансиски резултати. Напротив, наследивме претпријатија со по 4 неисплатени плати кон вработените, неисплатени придонеси за здравствено осигурување, без основни средства и механизација за работа. Со правилно и домаќинско менаџирање за четири години обезбедивме квалитетно, функционално и домаќинско работење. Направени се низа инвестиции во објекти и опрема и обезбедени се поквалитетни и побрзи услуги за граѓаните како и подобри услови за вработените. Сите претпријатија се оставени во рентабилна состојба и од власта на ВМРО ДПМНЕ очекуваме да продолжи да работи во насока на подобри услови, а резултатите од нивната работа наскоро ќе можеме да ги видиме на дело.

Господа од ВМРО-ДПМНЕ наместо  да се занимавате со безидејни и неосновани прес коференции, ве потсетуваме дека веќе сте власт и дека треба да престанете да мислите само на вашите политички цели.

Крајно време е да престанете со измислени критики и да се насочите кон вистински и конструктивни проекти кои се од корист за граѓаните, стои во реакцијата на ОО СДСМ Охрид.

Публицитет.мк 

Посетеност: 108
Share
Previous Post

Девет нови случаи со Ковид -19 во Охрид

Next Post

ЈУ Национален парк „Галичица“ важен дел од функционирањето во Охрид

Next Post
ЈУ Национален парк „Галичица“ важен дел од функционирањето во Охрид

ЈУ Национален парк „Галичица“ важен дел од функционирањето во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 108

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk