• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, септември 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

СДСМ – Охрид го честита Денот на ослободувањето на Охрид

ноември 6, 2015
in Тикер

Општинската организација на СДСМ од Охрид на сите граѓани на Охрид им го честита Денот на ослободувањето 7-ми Ноември, со искрени желби за мирен и спокоен живот во слобода, демократија и благосостојба на сегашните генерации и идните поколенија.

Водени од идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, десетици борци за слобода од Охрид пред 71 година ги положија своите животи во борбата за конечно ослободување на градот. На 7-ми Ноември 1944 година помислата за ослободување на својот град од фашистичките окупатори и живот во слободен Охрид им ги полнеше срцата на многу борци од партизанските одреди и ги водеше во бескомпромисната решителна борба да се истера непријателот од сопствениот град, од сопствената татковина. За жал, голем број од нив не дочекаа да го видат Охрид ослободен. Најголемиот дел од нив беа млади патриоти, чии имиња, јунаштво и дело останаа засекогаш врежани во спомените на генерациите, кои цели 7 децении ги уживаат благодетите на слободниот живот.

По тој повод, делегација од СДСМ Охрид ќе им оддаде достојна почит на борците за слобода и ќе положи свежо цвеќе на спомениците на славните охридски револуционери од Народно-ослободителната борба.

Центар за комуникации

ОО на СДСМ Охрид

Посетеност: 121
Share
Previous Post

Постигнат договор – Оливер Спасовски министер за внатрешни работи

Next Post

Свечености во пресрет на 71 годишнина од ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор

Next Post

Свечености во пресрет на 71 годишнина од ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 121

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk