Признанието на изборниот криминал по срамната одлука на Уставниот суд е директно поврзана со криминалот и корупцијата.
Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици а ВМРО-ДПМНЕ за училиштата во Охрид кадешто учат деца не направи буквално ништо.
Колку локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за училиштата, пример е токму училиштето во село Трпејца, коешто е оставено на забот на времето.
Ова училиште е руинирано, нема основни услови за работа, целосно заборавено.
![zaklina](images/zaklina.jpg)
Е во ова училиште учат нашите, вашите деца.
Ова е реалноста којашто не може да се види на медиумите каде што уредник е Никола Груевски.
Поминаа 3 години откако локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ги презеде училиштата под своја игеренција, а сеуште нема ниту поставено раководител во Секторот за образование.
Заради отсуство на организација, координација и меѓусебната соработка на училиштата, најмногу трпат просветните работници и учениците.
![trpejca skola](images/trpejca_skola.jpg)
Оттаму, зошто на лицата коишто исполнуваат услови за решение на неопределено работно време, сеуште тоа решение не им е дадено?
Дали овие лица се држат во неизвесност со цел да бидат злоупотребувани и уценувани во текот на предизборниот период?
Зошто нема средства за талентираните ученици за учество на големите натпреварувања надвор од државава?
Зошто соработката помеѓу училиштата од повеќе градови е сведена на минимум и секое патување значи самофинансирање како за просветните работници, така и за учениците?
Срдечен поздрав ,
Центар за комуникации на ОО СДСМ Охрид
Публицитет.мк