• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, септември 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

СДСМ – Охрид: „ Не станува збор за вистинска марина на кејот, таму ќе „никне“ кафеана среде езеро“

октомври 19, 2015
in Актуелно
На последната седница на Советот, владеачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, без да ја консултира јавноста, донесе две штетни одлуки за граѓаните на Охрид, изјави денеска на средба со новинарите д-р Јован Стојаноски во име на целата Советничка група на СДСМ во Советот на општина – Охрид. 
 
– Зад одлуката за изградба на така наречената мала марина се крие бизнис интересот на лица блиски до власта. 
 
Не станува збор за вистинска марина туку за угостителски објект – кафеана на среде езеро, на најатрактивното место во Охрид, со уредување на паркинг простор за 20 тина пловни објекти. Планот на ВМРО-ДПМНЕ е преку Јавно приватно партнерство овој објект да го добијат луѓе блиски на власта.
 
ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижи за граѓаните. Знаејќи дека граѓаните се противат на ова раскрчмување на јавниот имот локалната власт не ги праша што мислат за изградбата на т.н. мала марина.
 
Истото се однесува и за одлуката за усвојување на План за градење во населбата Лагадин.
 
Овој План пред се отвора терен за изградба на претходно најавената Медитеранска плажа, во езерото, против која категорично се сите мештани од оваа населба, за што граѓаните доставија и петиција до Локалната самоуправа.
 
Очигледно ВМРО-ДПМНЕ упорно ја игнорирана оваа граѓанска петиција за да ги заштити своите бизнис интереси.
 
Ниту експертите не се консултирани. Затоа што изградбата на било какви бетонски објекти во езерото би ја нарушила универзалната вредност на езерото и живиот свет во него и од аспект на УНЕСКО и од аспект на заштитена средина.
 
Градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ покажаа дека работат водејќи се само од личните бизнис интереси и во корист на личности блиски до власта, велат од СДСМ – Охрид 
 
Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ се однесува узурпаторски кон природното богатство, нашиот бисер, Охридското езеро!
 
Oва раскрчмување и распродавање на општинскиот имот мора веднаш да престане.
 
Срдечен поздрав ,
Центар за комуникации со јавност на ОО СДСМ Охрид
Посетеност: 97
Share
Previous Post

Светски ден на борба против остеопорозата

Next Post

Општина Охрид им одговара на СДСМ: „Цврсто сме убедени дека од марината граѓаните ќе имаат повеќекратана корист“

Next Post

Општина Охрид им одговара на СДСМ: „Цврсто сме убедени дека од марината граѓаните ќе имаат повеќекратана корист“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 97

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk