• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

СДСМ – Охрид: ВМРО ДПМНЕ наместо НАТО и ЕУ избра бојкот на референдумот

октомври 8, 2018
in Тикер
СДСМ – Охрид: ВМРО ДПМНЕ наместо НАТО и ЕУ избра бојкот на референдумот

Превртувањето на тези и барање на виновникот за состојбите во државата биле и натаму се специјалитет на опозициската ВМРО ДПМНЕ  на централно а со тоа и на локално ниво, се вели во реакцијата на СДСМ – Охрид по денешниот прес на ВМРО ДПМНЕ – Охрид. 

ВМРО ДПМНЕ и преку денешното обраќање на членот  на Извршниот комитет Кирил Пецаков сака граѓаните да ги помине „жедни преку езеро“ и лесно да заборават што правеа врхушката на партијата и нивните следбеници над една деценија апсолутна власт во државата и во Охрид.

СДСМ секогаш се виновни а тие – ВМРО ДПМНЕ секогаш во право.

Тие ја сакаат државата а ние НЕ.   

ВМРО ДПМНЕ наместо да биде конструктивна опозиција со своето делување и кога беа власт повеќе од очигледно е дека во преговорите со Грција околу проблемот со името и во аспирациите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ зборуваа едно пред светот а друго правеа дома. Свесно со антиквизацијата и со ред други преземања преговoрите ги турнаа во амбис  а државата во тешка изолација.

Политиката,  еден чекор напред  два назад ја осуети целиот демократски свет кој застана зад СДСМ и коaлицијата која сака Македонија конечно да излезе од ќорсокакот  во кој беше.

Конечно нивната погубна политика за државата беше казнета на паралеметарните избори и потоа на локалните а всушност и сега 610 000 гласови ЗА на Референдумот значат победа на граѓаните кои докажаа дека се’ за Македонија да продолжи по патот на прогресот и  членството во НАТО и ЕУ.

Податоците од Државната изборна комисија го велат следното:

Во Охрид на референдумот излегле вкупно: 16 293 граѓани. Од нив дури 14 401 гласале ЗА а против биле 1294 гласачи и имало 598 неважечки ливчиња.

Нормално е, кога сте власт не можете одеднаш да имате волшебно стапче и да решите се’. Референдумот беше граѓански и консултативен а не обврзувачки.   

После пустошот тешко и’ е на СДСМ насекаде и на централно и на локално ниво да ја доведе државата во нормала.  Се оди според законите и се почитува дигнитетот на секој граѓанин.

Притисоците, заканите и уцените од партиски лица се специјалитет тому на нивното владеење.

Криминалот во највисоките редови на нивните политичари полека се докажува пред институциите на системот – таму каде што му е местото во судството. Токму тоа судство кое беше урнисано до темел од нивна страна.

Но, очигледно тоа не му одговара на ВМРО ДПМНЕ и не сакаат никогаш да преземат одговорност за ништо, па дури и сега кога зависи иднината на државата. За нив поважни се нивните бизниси и како да се дојде до спас на врхушката од затвор. Се’ друго е ирелевантно.

И не треба многу за да си паметен – не смее да се заборави токму власта на ВМРО ДПМНЕ цела една деценија работеше свесно или не од Охрид , впрочем како и од цела Македонија да се иселат со илјадници млади кои треба да бидат иднината.

Ние  од СДСМ се трудиме да создадеме услови да се вратат , а новите генерации да останат тука и од тука да комуницираат со Европа и светот.

И наместо да ја поддржат политиката на СДСМ и лидерот Заев и да застанат зад евроатлантската перспектива на земјата опозицијата спроведе  тивок бојкот на референдумот  без да им одговори на своето членство а и на симпатизерите и граѓаните – Што и како понатаму?

Хаосот во сопствените редови ВМРО ДПМНЕ треба да престане да го сее меѓу народот и чесното нивно членство има шанса да застане на патот на вистината и просперитетот на земјата.

Пораката од СДСМ – Охрид е почитувани сограѓани верувајте во она што нашата партија го прави – го правиме во име на желбата за просперитет на Македонија, за брзо и членка на НАТО и ЕУ.

Посетеност: 133
Share
Previous Post

Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид беше домаќин на сродни организации од Европа

Next Post

„Охрид низ мојот прозорец“ – фото: Владо Жура

Next Post
„Охрид низ мојот прозорец“ – фото: Владо Жура

„Охрид низ мојот прозорец“ - фото: Владо Жура

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 133

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk