• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, мај 17, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

СДСМ се грижи за образованието, платите на наставниците поголеми за 36 отсто во однос на 2017 година

септември 1, 2022
in Тикер
СДСМ се грижи за образованието, платите на наставниците поголеми за 36 отсто во однос на 2017 година

Институциите предводени од СДСМ во изминатите пет години сериозно вложуваат во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес,реќена денешниот преспратеничката Жаклина Лазаревска.

Септемвриската плата за околу 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници ќе е повисока за 15 проценти.

Работиме на достоинствено вреднување на трудот на наставниците. Со досегашните покачувања на платите од 21 процент, сега вработените во основното и средното образование ќе имаат плати поголеми за 36 отсто, во однос на 2017 година.

Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта.

Продолжуваме со капитални инвестиции и вложувања во подобри инфраструктурни услови за образование, како еден од врвните приоритети.

Значително е зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава – од 500 лани, нивниот број оваа учебна година ќе биде 720.

Инвестираме и во ученичкиот и студентски стандард за да имаме помотивирани ученици и студенти.

Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари, со кои се опфаќаат околу 3.100 ученици.

Оваа учебна година е зголемен бројот на дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2700 ученици. Во овој проект минатата година биле вклучени 250 компании, а годинава нивниот број се искачи на 400.

СДСМ и во време на светска економска криза покажува вистинска грижа за образованието, за наставниците, за учениците.

Почитувани ученици и просветни работници,

Со среќа и успех во новата учебна година,рече Лазаревска. 

 

Публицитет.мк 

Посетеност: 72
Share
Previous Post

„Рандеву“ на „Охрид-фест“: Од проект-бенд до блескава кариера

Next Post

Разговор со режисерот Слободан Унковски, поветен на Горан Стефановски и неговото драмско творештво

Next Post
Разговор со режисерот Слободан Унковски, поветен на Горан Стефановски и неговото драмско творештво

Разговор со режисерот Слободан Унковски, поветен на Горан Стефановски и неговото драмско творештво

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 72

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk