• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

СДСМ води вистинска грижа за македонскиот јазик

мај 24, 2022
in Тикер
СДСМ води вистинска грижа за македонскиот јазик

Денеска на прес-конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ рече:   На 24 Мај го одбележуваме извонредното епохално и просветителско значење на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј за Македонија, но и Европа и светот.

Тие со своето големо дело им го отворија патот на словенските народи, кон описменување, го поставија темелот на писменоста, со што дадоа голем цивилизациски придонес.

Темелот на тој културолошки процес бил создавањето на првата азбука – глаголицата, од која подоцна од неговите следбеници, пред сѐ, Свети Климент Охридски, ќе се создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

 

Мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј е еден од првите примери на поврзување на различни култури со истовремено почитување на разликите.

Кога говориме за Кирил и Методиј треба да се потсетиме дека цивилизациските вредности подразбираат и почитување на секој народ, на неговиот јазик, на неговата определба.

Денес можеме сите ние да бидеме горди што денеска македонскиот јазик и идентитет, македонската посебност се потврдени и трајно заштитени.

Владата предводена од СДСМ, пред две години, 5 мај го прогласи за Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

Токму на 5 мај беше промовиран и дигитален толковен речник на македонски јазик со над 100.000 зборови.

Јазичното богатство во толковниот речник на македонскиот јазик е уште едно сведоштво за различноста и посебноста на македонскиот јазик во словенскиот свет и за неговата автентичност во светската листа јазици.

Донесен е и нов Закон за употреба на македонскиот јазик, кој опфаќа негова заштита, унапредување и збогатување.

Усвоени се мерки кои предвидуваат афирмирање на македонскиот јазик на странските универзитети, како и Фонд за поддршка за изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик, за негово уште поголемо унапредување.

За првпат токму Владата предводена од СДСМ воведе стипендии за студентите кои ќе се запишат на Катедрата за македонистика.

Како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за македонскиот јазик.

Честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

 

Публиитет.мк 

 

Посетеност: 102
Share
Previous Post

Mето Jовановски со награда за животно дело на 8. „Балкан панорама филмски фестивал“ во Измир

Next Post

Охрид: Глаголица е чисто македонска

Next Post
Охрид: Глаголица е чисто македонска

Охрид: Глаголица е чисто македонска

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 102

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk